Безбедноста во нашите автобуси

Патувај безбедно низ Европа со автобусите на FlixBus

Автобусите се најбезбедното средство за патен превоз. Според Сојузната канцеларија за статистика, патувањето со автобус е најбезбедниот начин за патување по европските патишта. Со FlixBus секогаш ќе стигнеш безбедно на твојата дестинација затоа што безбедноста во секој еден од нашите автобуси претставува наш главен приоритет. За нас, безбедноста е пред сѐ: Нашите зелени автобуси ги задоволуваат највисоките безбедносни стандарди, а нашите возачи се обучени според најновите методи. Избери ја твојата посакувана дестинација од нашата широкораспространета мрежа на автобуски линии во Европа и види како е да се патува низ Европа со најбезбедното превозно средство на денешницава. Нашата мрежа на автобуски линии дава преглед на нашите автобуски линии низ Европа.

Ги применуваме најновите безбедносни карактеристики, како во самите автобуси, така и при обука на нашите возачи

Безбедноста во автобусите е стандард во FlixBus, особено благодарение на технолошките иновации. Нашите автобуси се опремени со најновите електронски системи за помош при возење за да може да се гарантира твојата безбедност. Електронската програма за стабилност (ESP), системите за помош при нагло сопирање, системите за предупредување при напуштање на коловозна лента, приспособливиот темпомат, сензорите за амбиентална светлина, габаритните светла и другите елементи претставуваат стандардни безбедносни карактеристики на нашите FlixBus автобуси, со цел твоето патување да биде уште побезбедно. FlixBus поседува сертификати за безбедносната технологија на сите свои автобуси што претставува гаранција за безбедно патување. Нашите FlixBus автобуси подлежат на редовна проверка за да се обезбеди исполнување на највисоките стандарди за безбедност.

Со нашите FlixBus возачи ќе стигнеш безбедно - преку ден и ноќе

Со нашите возачи ќе стигнеш безбедно до твојата дестинација. Сите наши возачи се целосно обучени и редовно посетуваат обуки за безбедност, што значи дека секогаш се подготвени за сите проблеми во сообраќајот и во патувањето што може да се јават. Со јасно пропишаниот распоред на возење и на паузи, сакаме да се увериме дека твојот возач ќе биде секогаш сконцентриран на воланот.  Со помош на системот за следење преку GPS, во секое време може да ги провериме периодите на возење и на одморање, како и да видиме каде се наоѓаат нашите автобуси. Во ноќните линии на кои сообраќаат автобусите на FlixBus има двајца возачи кои редовно се менуваат. Возачите на овие линии, исто така, се специјално обучени за ноќно возење. Дури и да патуваш на некоја од нашите подолги релации, безбедноста ќе биде секогаш главен приоритет за нас и за нашите возачи.

Врзи се и одиме!

Се разбира, секој од нашите патници има свој удел во одржувањето на безбедноста во секој момент од патувањето. Додека си во автобусот, задолжително е да бидеш постојано врзан/а со појасот. Заради безбедност на нашите помали патници, имаме соодветна опрема за превоз на деца, за и децата да може да патуваат безбедно. Не само што треба да бидеш добро врзан/а со безбедносниот појас, туку треба да се погрижиш да биде врзано и твоето дете (во соодветно детско седиште) во текот на целото патување. Твојата безбедност е наш врвен приоритет, и со FlixBus може безбедно да патуваш низ цела Европа. Кога ќе се качиш во кој било од нашите автобуси, можеш да ги видиш нашите безбедносни мерки и процедури кои се однесуваат на тебе... па што чекаш? Резервирај си билет уште денес!