Онлајн партнерства | Развијте го Вашиот бизнис со FlixBus

Станете наш онлајн партнер

Приклучете се на нашата програма за Affiliate партнери и заработувајте пари преку Вашата веб-страница, блог или апликација. Профитирајте од зголемената побарувачка за превоз на далечни релации и регистрирајте се веднаш!

 

Ајде да направиме револуција во полето на превоз

Статична интеграција 

Дали сакате да го вградите FlixBus на Вашата веб-страница?

За да Ви го понудиме најдоброто искуство, одлучивме да склопиме партнерство со TradeTracker за нашата Affiliate програма за Македонија.

Регистрирајте се сега

 

Динамична интеграција

Влезете на голема врата со FlixBus напредната API интеграција. Испратете ни е-порака со следниве податоци:

  1. информации за компанијата
  2. Вашите домени
  3. просечен број на месечни посети

Испратете е-порака

Како функционира нашата програма за Affiliate партнери?

1. Регистрирајте се

Регистрирајте се преку една од двете опции.

2. Вградете

Вградете рекламни материјали за FlixBus на Вашата веб-страница.

3. Пренасочете ги посетителите

Кога посетителите на Вашата веб-страница ќе кликнат на рекламите на FlixBus, тие ќе бидат пренасочени на веб-страницата на FlixBus. Тоа се следи и Ви се припишува Вам.

4. Добијте провизија

Секоја извршена нарачка се следи и Ви се припишува Вам. Исто така, ќе добиете и атрактивна провизија.

Опции што Ви стојат на располагање

Статична интеграција Динамична интеграција
Банери ✔ GTFS ✔
Логоа ✔ API ✔
Текстуални врски ✔ White Label ✔
Графички контроли ✔ Мета-пребарувачи ✔
Идеална за: веб-страници за ваучери и попусти, веб-страници за враќање пари (cashback), блогови, веб-страници за содржина, веб-страници на медиуми Идеална за: мета-пребарувачи, онлајн туристички агенции, други платформи за патувања

Зошто да станете наш партнер?

Добивате провизија

За секоја успешна нарачка направена преку Вашата веб-страница, FlixBus ќе Ви плати атрактивна провизија. Колку поголема продажба генерирате, толку поголема добивка ќе остварите.

Над 200.000 линии до различни градови

Ние ја имаме најголемата мрежа на автобуски линии во Европа. Имаме над 1.200 дестинации во повеќе од 22 земји.

Платформа која е лесна за користење

Affiliate платформите на FlixBus се многу лесни за користење и Ви овозможуваат да го интегрирате FlixBus со само неколку кликања. Платформите, исто така, Ви обезбедуваат детални статистички податоци во реално време за да го оптимизирате Вашиот учинок.

Човечка поддршка

Ние се грижиме за Вашата успешност. Со задоволство ќе го поддржиме Вашиот развој.