§§ geoTextTitle §§

§§ geoLinkText §§

Општи услови и одредби за деловно работење и превоз

Датум: 01.03.2018

1 Опсег на примена

Општите услови и одредби за деловно работење и превоз важат за резервациите за патувања и за превозот на патници во рамки на мрежата на автобуски линии на кои превоз врши FlixBus. Возилата служат за превоз на патници.

2 Договорна страна

2.1 Договорна страна за резервации за патувања

Договорна страна за резервации за патувања (продавач на билети) и за користење на онлајн порталите е FlixMobility GmbH, Birketweg 33, 80639 Минхен, во понатамошниот текст: FlixMobility.

2.2 Договорна страна за патнички превоз со автобус

Договорна страна за соодветниот договор за превоз е превозникот наведен при правењето на резервацијата. Превозниците се концесионери на одредени линии. Според тоа, Договорни страни за превоз на патници се или Flix компаниите (2.2.1) или партнерските компании (2.2.2).

Не постојат права на превоз во одредени автобуси кои се во сопственост на превозникот. Директниот превоз се врши преку партнерска компанија ангажирана од некој од превозниците.

2.2.1 Flix компании се следниве:

  • FlixBus B.V.
  • FlixBus CEE South d.o.o.
  • FlixBus CZ
  • FlixBus DACH GmbH
  • FlixBus Danmark ApS
  • FlixBus France SARL
  • FlixBus Hungary Kft.
  • FlixBus Inc.
  • FlixBus Italia S.r.l.
  • FlixBus North GmbH CEE
  • FlixBus Polska Sp. z.o.o.
  • FlixBus RO SRL
  • FlixBus RS d.o.o.
  • FlixBus Sverige AB
  • FlixMobility GmbH
  • Rodbillet ApS

Доколку превозниците се Flix компании, за нив важат и следниве Услови и одредби.

2.2.2 Партнерски компании се следниве:

Доколку превозниците се партнерски компании, за нив важат само нивните Услови и одредби. До тие документи може да се пристапи преку веб-страниците на горенаведените партнерски компании. FlixBus сака да Ви нагласи дека тие може да се достапни само на англиски јазик.

Партнерските компании не вршат никаков превоз на патници под брендот FlixBus, со исклучок на линијата 96 Виена - Грац и на линијата X96 аеродром Виена - Грац, каде превозот го врши Dr. Richard Linien & Co KG.

2.3 Договорна страна за патнички превоз со воз

Договорна страна за соодветниот договор за превоз е превозникот наведен при правењето на резервацијата.

3 Право на превоз

3.1 Правото на превоз постои доколку има склучен договор за превоз и доколку постои обврска за обезбедување на таа услуга согласно одредбите од Законот за превоз на патници (Personenbeförderungsgesetz, PBefG) и оние со кои се уредени законските прописи што се однесуваат на Општите услови за трамвајски и автобуски превоз и услуги со моторни возила според возен ред (VO-ABB). Во однос на автобуските линии кои ги реализираат FlixBus Polska sp. z o.o. и други полски превозници, правото на превоз постои во случај да е склучен договор за превоз и до оној степен до кој постои обврска за транспорт во согласност со одредбите на Граѓанскиот закон на Полска и Законот за транспортно право на Полска. Клаузулата 3.1 не важи во овој делокруг.

3.2 Со потврда на резервацијата (види точка 5.1), патникот има право да патува од местото на поаѓање до дестинацијата наведена на билетот. Задоцнето качување или предвремено симнување од автобусот не се дозволува од правни причини.

3.3 Во случај на резервација во самото возило, обврска за обезбедување на услугата постои само доколку има доволно слободни места во текот на целото патување.

3.4 Во случај на постојки на кои се запира по барање, обврска за обезбедување на услугата постои само доколку патувањето било резервирано од или до таа постојка, во рамки на соодветниот рок за резервирање однапред. Постојките на кои се запира по барање се означени како такви во соодветните возни редови. Роковите за резервирање однапред се дадени во соодветните возни редови.

4 Користење на веб-порталот за комерцијални цели

4.1 Страниците за споредба на цените може да се вметнат во писмен договор со FlixMobility во кој FlixMobility ги одобрува приемот, обработката и објавувањето на цените, како и возните редови на FlixMobility.

4.2 Забрането е користење на веб-порталите на FlixMobility за комерцијални цели или за цели кои не се лични. Се забранува користење автоматизирани системи за извлекување податоци од оваа веб-страница за комерцијална употреба („screen scraping“). FlixMobility го задржува правото да презема дејства против какви било повреди на одредбите.

5 Билети и цени за превоз

5.1 Како надомест за услугата за превоз се плаќа утврдената цена за превоз. За таа цел, FlixMobility издава билети. Билетот го сочинуваат потврдата за резервација, испечатена или во електронски формат (PDF датотека), и важечки официјален документ за идентификација со слика. Доколку резервација се изврши во самото возило, рачноиспишаната или испечатената сметкопотврда претставува и потврда за извршено плаќање, и потврда на резервацијата. Билетот се издава за еден патник и за едно патување. Релациите со преседнување (поврзани релации) се сметаат за едно патување. При постапката на резервација мора да се внесат името и презимето на патникот, а доколку е потребно, и датумот на раѓање. Името на патникот се пребарува во списокот на резервации кој се прикажува на мобилниот телефон на возачот или на вработените во автобуската станица, согласно тековната состојба со резервации, за да се утврди дали патникот има право да ја користи услугата за превоз. Оваа процедура, по можност, се врши со скенирање на билетот. Билетите купени за автобуските линии кои ги реализираат FlixBus Polska sp. z o.o. и други полски превозници, се сметаат за фактура во рамките на значењето на Законот за ДДВ на Полска.

5.2 Патникот е обврзан да изврши резервација пред поаѓање. Пристап до патничкиот простор на возилото се дозволува само со валидна потврда за резервација.

5.2.1 Резервации за патувања може да се вршат онлајн на веб-порталите, преку мобилните апликации за паметни телефони на FlixMobility, преку телефон, во партнерските агенции, во самите возила (по редовна цена) и во некои автобуски станици во кои има вработени. Резервација во самото возило може да се изврши само доколку има доволно слободни места во текот на целото патување. Поради тоа, се препорачува билетот да се купи однапред (онлајн, преку апликација или во агенција). Не смеат да се продаваат билети во возилата за сите автобуски линии кои ги реализираат FlixBus Polska sp. z o.o. и други полски превозници.

5.2.2 Потврдата за резервација (детални податоци за нарачката) се зачувува, може да се отвори преку почетната страница на порталот, а доколку е потребно, исто така, може да му биде испратена на патникот по е-пошта.

5.2.3 Секој патник со важечки билет има право на седиште. Лицата што патуваат со деца и лица со ограничена подвижност имаат предност при избирањето седиште.

5.3 Купување билети онлајн:

5.3.1 Претставувањето на производите во онлајн продавницата, којашто е достапна преку интернет и преку апликацијата за паметни телефони, не претставува правно обврзувачка понуда, туку необврзувачки онлајн каталог кој ги поттикнува потенцијалните патници да испратат понуди. Со кликање на копчето „Резервирај“ / „Плати“ се прави обврзувачка нарачка на производите што се наоѓаат во кошницата. Билетот се издава за еден патник и за едно патување. Релациите со преседнување (поврзани релации) се сметаат за едно патување. Потврда за прием на нарачката се издава непосредно по нејзиното испраќање, со автоматска потврда по е-пошта. Договорот за превоз нема да се смета за склучен сѐ додека FlixMobility не ја прифати нарачката со издавање на потврда за прифаќање. Оваа потврда за прифаќање може да се издаде во вид на автоматска потврда што се испраќа по е-пошта или посебно во некоја подоцнежна фаза.

5.3.2 Сегашната технологија не може да гарантира дека преносот на податоци преку интернет би се вршел без грешка и/или дека тие би биле постојано достапни. Невозможно е да се развијат и користат компјутерски програми (софтвер) и системи за обработка на податоци (хардвер) на потполно беспрекорен начин и да се исклучат сите непредвидливи фактори што може да се јават во рамки на медиумот „интернет“. Поради тоа, FlixMobility не дава никаква гаранција за постојана, непрекината достапност на својата веб-страница и на техничките системи. Поточно, техничките карактеристики на интернетот не може да гарантираат постојана достапност на можностите за онлајн резервација. Не постои право на каква било заштеда или цена со попуст, доколку поради технички проблеми, системот стане повторно достапен подоцна (на пр. период на предвремена продажба).

5.3.3 Треба да се напомни дека статутарните одредби во однос на правата на откажување, во случај на договори на далечина, нема да се применуваат кај договорите за превоз склучени онлајн преку продажба на далечина, како и во случај кога превозникот, по склучување на договорот, ја презема обврската да ги обезбеди услугите во утврдено време или во рамки на одреден временски период. Ова е спротивно на работењето со онлајн нарачки по пошта. Меѓутоа, горенаведеното не важи за нашите услови и одредби што се однесуваат на откажувањето.

5.4 Продажни шалтери со вработени

Продажните агенции, билетарите и секторот за услуги за клиенти на FlixCompanies можат да извршат резервација за Вас или да поништат агенциска провизија.

5.5 Цени за превоз:

5.5.1 Не постои право на резервација на сите ценовни категории или ценовни квоти во однос на кој било начин на резервирање. Особено заштедите и промотивните цени се само делумно достапни онлајн.

5.5.2 Наплатата опфаќа само транспорт на лица, додека другите услуги како резервација на место за седење и транспорт на велосипеди или дополнителен или друг багаж се наплаќа одделно.

5.5.3 За намалени цени на билетите важат посебни предуслови за резервирање. Одлучувачки фактор за тоа е објавувањето на условите за купување билет за индивидуалните линии.

5.5.4 За патувања на територијата на Данска, студентите/учениците, децата и постарите лица може да добијат билет за пониска цена од редовната. Треба да знаете дека ако резервирате и користите билет со попуст, при качување во автобусот возачот ќе побара да приложите важечки документ за идентификација.  Треба да знаете дека категориите билети за деца, студенти и постари лица важат само доколку се приложи бараниот документ за идентификација. Доколку не може да го приложите бараниот документ за идентификација кај возачот, Вашиот билет со попуст нема да биде важечки и ќе треба да извадите нов билет по редовна цена за да може да се качите во автобусот. 
Дански војници кои се на отслужување задолжителен воен рок може да патуваат бесплатно откако ќе ги приложат соодветната документација и идентификацискиот документ за вршење на таква служба. Неопходно е да се резервира седиште, а резервацијата мора да се изврши на podrshka@flixbus.mk.

5.5.5 За патувања во Полска, постојат утврдени законски попусти кои им се даваат на лица кои имаат одредени права во согласност со полскиот Закон за права на превоз со попуст во јавен транспорт или други одредби. Давачката во овој случај се пресметува врз основа на законскиот попуст и цената наведена на ценовникот која е важечка за дадената маршута. Патникот е обврзан да покаже важечки документ со кој се потврдуваат правата за попуст пред да се качи во автобусот. Повеќе информации за утврдените законски отстапки и важечки документи за потврдување на правото можат да се најдат овде: https://www.flixbus.mk/nashata-kompanija/ceni/namaluvanja

6  Плаќање и ваучери

6.1 Разни начини на плаќање може да се користат за купување на билетите, во зависност од начинот на резервирање:

  • Онлајн: PayPal, директно задолжување, кредитна картичка (Mastercard/Visa/Amex), Sofortüberweisung (брз трансфер), iDeal, Postfinance, Carte Bleue, Dotpay. Во однос на која било резервација, FlixBus го задржува правото да исклучи одредени начини на плаќање и да побара од корисникот да користи друг начин на плаќање.
  • Во самото возило: Готовина; Во Шведска, во самото возило, може да се плати само со картичка (MasterCard, Visa, American Express, Maestro, Visa Electron, V Pay, JCB, Diners Club, China Union Pay). Освен тоа, во Шведска билетот може да се купи од возачот на автобусот преку мобилниот телефон, со помош на NFC технологијата. (на пример, Swish, Mobile Pay, Apple Pay, Android Pay).
  • Продажни места/туристички агенции: Сите наши агенции нудат најразлични начини на плаќање, но во секој случај може да се плати со готовина.
  • Преку телефон: кредитна картичка (Mastercard/Visa/Amex), како и директно задолжување за корисници со место на живеење во Германија.

6.2 Купување со кредитна картичка

6.2.1 Во случај на купување со кредитна картичка, задолжувањето на сметката на корисникот се врши откако ќе биде завршена резервацијата. При плаќањето со кредитна картичка, корисникот им дава инструкции на своите кредитни институции кога се прави резервацијата да го информираат FlixMobility, или некое од третите лица овластени од него, за имињата и целосните адреси на корисниците во случај да треба да се изврши враќање на средства, со цел да му се овозможи на FlixMobility да ги изрази своите побарувања.

6.2.2 Патниците се должни да ги платат банкарските трошоци за враќање на средства во случај кога плаќањето било извршено со кредитна картичка. Исто така, може да се јават трошоци при откажување или дополнителни трошоци при промена на резервацијата. На патниците ќе им биде дадена можност да докажат дека трошоците за враќањето на средствата биле помали или воопшто немало трошоци. Во случај на враќање на средства, на корисниците може да им биде привремено или трајно забрането да вршат плаќања со кредитна картичка.

6.2.3 Во случај на безуспешни преговори од страна на FlixMobility за наплата на побарувања, побарувањата ќе бидат пренесени на надворешен давател на услуги за понатамошна обработка. За таа цел, FlixMobility може да ги проследи сите барани лични податоци на должниците до тој надворешен давател на услуги.

6.3 Пребивање; право на задржување

6.3.1 Корисниците имаат право да извршат пребивање само во случај кога нивните противпобарувања се законски утврдени или неоспорени, или пак се признаени од FlixBus. Освен тоа, тие имаат право на задржување само и доколку нивните противпобарувања се засноваат на истиот договорен однос.

6.3.2 Доколку корисниците заостануваат со плаќањето на која било обврска, сите постојни побарувања од истиот договорен однос доспеваат веднаш.

6.3.3 Клаузулите 6.3.1. и 6.3.2 не важат за автобуските линии кои ги реализираат FlixBus Polska sp. z o.o. и други полски превозници.

6.4 Надоместок за плаќање

6.4.1 Вкупната цена на билетот дадена во онлајн продавницата ги вклучува сите надоместоци што ги наплаќаат трети лица како даватели на услуги за начинот на плаќање што сте го избрале и кои сами треба да ги покриете, како и законски пресметаниот данок на додадена вредност.

6.4.2 На корисниците кои ќе изберат начин на плаќање за кој се наплаќа провизија им се пресметува и надомест од 2,1% (плус ДДВ) од вкупната вредност на кошничката што ќе треба да го платат. Во секоја земја има најмалку еден бесплатен и редовен начин на плаќање.

6.5 Кампањи за попуст

6.5.1 Кампањите за попуст ги спроведува FlixMobility GmbH во рамките на маркетинг-активностите, а купувањето билети со попуст е ограничено на 3 билети по лице. Доколку лицето купи повеќе од 3 билети од истата кампања за попуст, FlixMobility GmbH може да ги откаже сите резервации после првите 3 билети. Овој правило може да биде неважечко за време на специјални промоции.

6.5.2 Комерцијалната употреба, а особено препродажбата на билети не е дозволена и ќе биде санкционирана од FlixMobility GmbH со блокирање на билетите и/или спроведување на побарувања за обесштетување.

6.5.3 Во случај на измама, обид за измама или сомневање за нелегални активности поврзани со купувањето, FlixMobility GmbH го задржува правото да ја затвори соодветната сметка на клиентот и/или да бара алтернативен метод на плаќање и/или да ги суспендира билетите. FlixMobility GmbH нема да ги почитува побарувањата за одобрување или откупување на засегнатите билети.

6.5.4 Во случај на измама, обид за измама или сомневање за нелегални активности поврзани со купувањето, откупувањето или преносот на билети, FlixMobility GmbH го задржува правото да ги откаже билетите кои се купени целосно или делумно преку откупувањето на билетот.

6.5.5 Билетите купени при понуда, кои подлежат на промени по завршувањето на понудата, мора да бидат купени по полна цена која важи на денот на возењето/билетот.

6.6 Искористување ваучери:

6.6.1 Може да се искористи најмногу 1 ваучер по резервација. Ваучерите може да се искористат само онлајн или преку нашите партнерски агенции. 

Ваучерите кои имаат парична вредност, таканаречени вредносни ваучери, може да се искористат за плаќање на целиот износ од количката.

Ваучерите со попуст со процентуална вредност или ваучерите за бесплатно возење може да се искористат само за цената на билетот. Попуст за дополнителните услуги (на пр. надоместоци за услуги, доплата за велосипед или за багаж) не може да се добие со горенаведените видови ваучери.

6.6.2 Кампањите за ваучери што ги спроведува FlixMobility во рамки на своите маркетинг активности и користењето на ваучерите се ограничени на 3 ваучери по лице. Доколку едно лице искористи повеќе од 3 ваучери во рамки на една иста кампања, FlixMobility може да ги откаже сите резервации по вадењето на првите 3 билети. Ова правило може да не се применува при некои специјални промоции.

6.6.3 Ваучерите што се издаваат бесплатно во склоп на некои маркетинг активности, или како чин на добра волја, престануваат да важат во моментот кога ќе се направи првата резервација.

6.6.4 Забранета е употреба на ваучерите за комерцијални цели, особено препродажба на ваучерите, и секоја таква постапка ќе биде санкционирана од FlixMobility на тој начин што ќе бидат блокирани билетите и/или ќе се направи побарување за оштета.

6.6.5 Износот на купонот не може да се исплати во паричен износ.

6.6.6 Во случај на измама, обид за мамење или постоење на сомневање за други незаконски дејства поврзани со купувањето, искористувањето или пренесувањето на поклон-ваучер, FlixMobility го задржува правото да ја затвори сметката на корисникот и/или да бара алтернативен начин за плаќање и/или да го суспендира ваучерот. FlixMobility нема да ги прифати барањата за одобрување или искористување на тој ваучер.

6.6.7 Во случај на измама, обид за мамење или постоење на сомневање за други незаконски дејства поврзани со купувањето, искористувањето или пренесувањето на поклон-ваучер, FlixMobility го задржува правото да ги поништи сите билети кои целосно или делумно биле купени со искористување на тој ваучер.

6.7 Искористување на кодовите на ваучерот на Interflix

6.7.1 Може да се искористи најмногу еден код на ваучер по резервација. Кодовите на ваучерот се активираат автоматски во рок од 48 часа и може да се искористат само онлајн или во нашите партнерски агенции.

6.7.2 Кодовите на ваучерот може да се искористат во рок од 3 месеци.

6.7.3 Може да се резервира само директно патување, освен доколку не станува збор за патување кон одредена дестинација или враќање од одредена дестинација. Точката на поаѓање не мора да биде и крајна точка.

6.7.4 Ваучерите се персонализирани и не може да се пренесуваат на друго лице.

6.7.5 Резервациите може да се променат само преку службата за грижа за корисници на FlixBus. Откажувањето е исклучено.

6.7.6 Забранета е употреба на ваучерите за комерцијални цели, особено препродажба на ваучерите, и секоја таква постапка ќе биде санкционирана од FlixMobility на тој начин што ќе бидат блокирани билетите и/или ќе се направи побарување за оштета.

6.7.7 Износот на купонот не може да се исплати во паричен износ.

6.7.8 Секое патување за кое се користи ваучер е посебно и одделно од останатите патувања.

6.7.9 Патникот има право да се повлече од договорот за купување во рок од 14 дена. Известувањето за повлекување мора да биде доставено во писмена форма.

7 Неважечки билети

Патникот е должен да го приложи билетот, како и важечки документ за идентификација со слика, кога тоа ќе го побараат вработени од Flix компаниите при ненајавени контроли за проверка на важноста на билетите.

8 Зголемени цени за превоз

8.1 Патниците се должни да платат зголемена цена за превоз доколку се утврди дека патуваат со возилото, а не резервирале седиште за тоа патување, ниту однапред, ниту при качување во возилото.

8.2 Патниците за кои при проверка ќе се утврди дека немаат важечка резервација се должни да дадат точни лични податоци и да се идентификуваат доколку тоа биде побарано од нив.

8.3 Зголемените цени за превоз се двојно повисоки од вообичаените цени за растојанието што го поминале патниците, но не помалку од €60, плус цената за преостанатото растојание до дестинацијата до каде што патуваат патниците. Ако патниците не се во можност да го потврдат поминатото растојание, за пресметка на зголемената цена за превоз се користи почетната точка на линијата.

8.4 Зголемената цена за превоз мора да се плати веднаш, или во некои други случаи најдоцна 2 недели од приемот на барањето за плаќање во писмена форма. По истекување на овој рок, се наплаќа надоместок за обработка од €5 за секое барање за плаќање, под услов патникот да не може да докаже дека трошоците за обработка биле пониски или воопшто ги немало.

8.5 Flix компаниите го задржуваат правото да преземат понатамошни мерки преку парнични и/или кривични постапки.

9 Откажување

9.1 Откажувањето на резервацијата може да се направи или со резервирање нов билет (откажување на старата и правење нова резервација) или со неискористување на билетот и добивање рефундација за него согласно точка 9.6. Не може да извршите промена или откажување на резервацијата кај возачот.

9.2 Откажување на резервацијата со правење нова резервација (на пр. линија, време на поаѓање, датум на патување) може да се изврши само на веб-страниците на FlixBus или кај партнерските агенции и продажни места на Flix компаниите најмалку 15 минути пред предвиденото време на поаѓање. Повратниот билет се смета за една резервација.

9.3 Во случај на сторнирање со нова резервација се издава таканаречен сторно-ваучер. Овој сторно-ваучер е со важност од 12 месеци и со него патникот има право во рамки на тој временски период да направи нова резервација во висина на вредноста на ваучерот. Доколку цената на новата резервација е повисока од цената на откажаното патување (вредноста на ваучерот), треба да ја доплатите разликата. Доколку цената е пониска, разликата останува на сторно-ваучерот и може да се користи за друга резервација. Овие правила може да се променат во случај на промотивни понуди кои важат само ограничен временски период. Подетални информации може да се најдат во посебните услови и одредби за промотивната понуда кои може да се најдат на веб-порталот.

9.4 За секое сторнирање со нова резервација се наплаќа надомест за сторнирање по патување со променета резервација и по патник. Сторно-ваучерот се издава во износ на цена на билетот, намален за износот на трошокот на постапката за откажување. Во случај на промена на името на патникот, се доплаќа разликата доколку патувањето во меѓувреме поскапело. Промената на телефонскиот број се врши бесплатно. Не се применува провизија за откажување за автобуските линии кои ги реализираат FlixBus Polska sp. z o.o. и други полски превозници.

9.5 Ако за резервацијата се користи ваучер за рефундација, истите услови и одредби за откажување важат и за новото патување.

9.6 Доколку билетот не се искористи и во случај превозникот согласно точка 2.2 да е некоја од Flix компаниите, тогаш по барање износот се враќа заедно со билетот, намален за надоместокот за обработка во висина од €15 по патник и по патување, доколку патникот не може да докаже дека не настанала штета или дека настанатата штета е од помал износ. Провизијата за процесирање на враќањето пари не се применува на резервациите за автобуските линии кои ги реализираат FlixBus Polska sp. z o.o. и други полски превозници. Товарот на докажување за билетот што не е искористен е обврска на патникот. Билетот се издава за еден патник и за едно патување. Релациите со преседнување (поврзани релации) се сметаат за едно патување. Писменото барање може да биде неформално. Треба да се испрати на podrshka@flixbus.mk Надоместокот за обработка се намалува на износ од €2 по патник и по патување, зголемен за износот на банкарските провизии, доколку превозник согласно точка 2.2 се FlixBus DACH GmbH или FlixMobility GmbH и доколку барањето е поднесено на време, најдоцна во рок од една недела од рокот на важење на билетот. Сите горенаведени надоместоци за обработка и потенцијални банкарски провизии не се наплатуваат доколку бараната рефундација се должи на околности за кои се одговорни FlixMobility и Flix компаниите. Рефундирањето на трошокот за превоз, без провизијата за услугата и можната банкарска провизија за трансферот, ќе биде извршено исклучиво на банкарската сметка што ја навел клиентот кога ја направил резервацијата, или ако е платено со кредитна картичка, рефундирањето ќе биде извршено на сметката на таа кредитна картичка.

9.7 Ниту еден од горенаведените надоместоци за обработка, надоместоци за откажување или кои било надоместоци за пренос не се наплатуваат доколку рефундацијата се бара од причини за кои одговорност имаат FlixMobility или Flix компаниите. Уплатата на износот на билетот, намалена за надоместоците за обработка и надоместоците за пренос, се врши исклучиво на сметката наведена од корисникот при поднесувањето на нарачката, или на сметката од неговата/нејзината кредитна картичка доколку плаќањето било извршено со кредитна картичка.

10 Возен ред

10.1 Се задржуваат правата да се прават измени во одобрените и објавените возни редови, датуми, линии и билети од оправдани причини, особено заради спроведување на решенијата на органите кои издаваат дозволи.

10.2 Доколку линиите објавени во возниот ред ја имаат ознаката „подлежи на официјално одобрение“, тоа значи дека постапката за издавање дозвола за внесување на тие релации во објавениот возен ред сѐ уште не се завршени за тие релации (релација, постојка, датум на патување, цена на билет, итн.).

10.3 Измените во возниот ред кои настанале по склучувањето на договорот и за кои превозникот не е одговорен (на пр. долгорочни последици од природни катастрофи или постојани градилишта) не им даваат право на патниците да прават барања за оштета доколку тие измени само незначително отстапуваат од првично договореното време на поаѓање и пристигнување, т.е. најмногу до 2 часа. Доколку има значителни измени во распоредот, патниците имаат право да се повлечат од договорот без да плаќаат какви било пенали. За да го направат тоа, патниците треба да се јават на дежурната телефонска линија на службата за грижа за корисници:

  • Повици од Германија и од Швајцарија (германска фиксна линија): +49 30 300 137 300
  • Повици од Австрија (австриска фиксна линија): +43 820 910 340
  • Повици од Италија (италијанска фиксна линија): +39 (02) 947 59 208
  • Повици од Франција (француска фиксна линија): +33 (0)1 76 36 04 12
  • Повици од Велика Британија (британска фиксна линија): +44 1 78 82 98 784
  • Повици од Хрватска (хрватска фиксна линија): +385 1 800 03 80
  • Повици од Данска (данска фиксна линија): +45 32 72 93 86
  • Повици од Шведска (шведска фиксна линија): +46 850513750
  • Повици од Полска (полски фиксен телефон): +48 22 307 93 34
  • Повици од Унгарија (унгарска фиксна линија): +36 1 701 04 78
  • Повици од Романија (романска фиксна линија): +40.376.300.111
  • Повици од Украина (украинска фиксна линија): +38 044 228 1473*

или по е-пошта на podrshka@flixbus.mk. Во овие случаи, патниците не смее да го имаат започнато патувањето. Останатите права на патниците остануваат непроменети.

11 Започнување на патувањето

11.1 Се препорачува патниците да бидат на местото на поаѓање 15 минути пред почетокот на патувањето.

11.2 Во спротивно, правото на превоз и резервација може да му се додели на друго лице доколку патникот не е присутен на местото на поаѓање во утврденото време за резервираната линија.

11.3 Доколку патниците добијат известување по СМС, е-пошта или во некој друг писмен формат, дека има поголемо доцнење, губењето на правото на превоз на патникот кој не е присутен се смета согласно одложеното време на поаѓање наведено во таа СМС или е-порака.

11.4 Името на патникот се пребарува во списокот на резервации кој се прикажува на мобилниот телефон на возачот или на вработените во автобуската станица, согласно тековната состојба со резервации, за да се утврди дали патникот има право да ја користи услугата за превоз. Оваа процедура, по можност, се врши со скенирање на билетот. Во посебни случаи, патникот мора да се идентификува себе си, ако тоа го побараат возачот или другиот персонал, на тој начин што ќе ја приложи потврдата за резервација во печатена или електронска форма (PDF датотека), како и документ за идентификација со слика издаден од надлежен државен орган (лична карта, пасош или слично).

12 Преседнувања

12.1 По правило, објавените возни редови претставуваат директни линии. Во некои случаи неопходно е преседнување.

12.2 Доколку е предвидено преседнување, Flix компаниите им гарантираат на патниците продолжување на превозот до резервираната дестинација. Во исклучителни случаи, Flix компаниите нудат алтернативен превоз доколку редовниот (шатл) автобус не е во можност да го почека автобусот што доцни. Во некои случаи, тоа може да биде автобус на некои од другите превозници, автомобил или воз. Не се признаваат барањата за одреден вид превоз. Доколку дестинацијата е далеку или нема алтернативни линии, поради што неопходно е патувањето да продолжи следниот ден, на патниците им се нуди бесплатно сместување во хотел од средна класа.

12.3 Горенаведените правила важат само во случај кога резервациите на патникот со FlixMobility вклучуваат директни линии. Доколку патниците резервираат поединечни линии и ги комбинираат тие линии за да патуваат со преседнување, тогаш сами го сносат ризикот од испуштање на некоја од линиите. Во тој случај, патниците немаат право да бараат да им се организира алтернативен превоз или хотелско сместување. Сепак, FlixMobility или Flix компаниите ќе ги направат сите разумни напори да ги информираат патниците за алтернативните линии.

12.4 Не може да се гарантира преседнувањето со превозници коишто не ги организираат Flix компаниите.

13 Општи обврски на патниците

13.1 Инструкциите што ги даваат возачите и придружниот персонал мора да се почитуваат.

13.2 Возачите и диспечерите имаат овластување да не им дозволат да патуваат на лица кои очигледно се под дејство на алкохол или дроги. Истото важи и за патниците коишто од други причини ја загрозуваат безбедноста на своите сопатници или сериозно ја нарушуваат нивната благосостојба. Во тој случај, тие немаат право да бараат да им се организира алтернативен превоз.

13.3 Забрането е пушење во автобусот. Оваа забрана се однесува и на електронски цигари.

13.4 Патниците се одговорни за штетите предизвикани во автобусот или врз самиот автобус за кои тие се виновни.

13.5 Патниците кои валкаат во автобусот, без разлика дали намерно или како резултат на груба небрежност, се должни да им платат на Flix компаниите надомест за чистење од најмалку €100, при што патниците имаат право да обезбедат докази дека не била причинета никаква штета или дека наведената штета била значително помала од горенаведениот паушален износ. За автобуските линии кои ги реализираат FlixBus Polska sp. z o.o. и други полски превозници, важи клаузула 13.5 со одредба дека патниците се обврзани да платат само надомест за горенаведеното валкање во износ на фактичките трошоци за предизвиканата штета.

13.6 Превозниците може да го откажат договорот за превоз без претходно известување во случај кога патникот се однесува толку непримерно, и покрај (усното) предупредување, што за превозникот и/или останатите патници не е разумно да го продолжат патувањето. Тоа, исто така, важи и за ситуации кога патникот не ги почитува објективно оправданите упатства (на пр. безбедносните упатства). Во тој случај, превозникот има право да го задржи наплатениот износ на билетот.

13.7 Сите патници се обврзани да ги користат безбедносните појаси во рамки на законските прописи, под услов автобусот да е опремен со такви.

13.8 За време на паузи/запирања или полициски контроли, патниците го напуштаат автобусот доколку тоа од нив го побара возачот или услужниот персонал. Патниците треба да се придржуваат до времетраењето на паузите одредено од возачот или услужниот персонал. Возачот има право да продолжи со патувањето доколку патникот не се вратил во автобусот по изминување на предвиденото време за пауза и не е одговорен за отсуството на патникот по изминување на времето за пауза.

14 Посебни обврски на патниците во однос на меѓународните линии

14.1 Секој патник кој сака да патува надвор од границите на државата сам сноси одговорност за придржување до сите закони и прописи што се однесуваат на документи и исправи за идентификација, визи, странски валути, царински прописи и здравствено осигурување. FlixBus не е одговорен за последиците што може да се јават како резултат на непридржување до тие закони и прописи, дури и тие да биле променети откако резервацијата била направена.

14.2 Секој патник кој сака да патува надвор од границите на државата е одговорен за поседување на сите неопходни патни исправи и за придржување до законите на секоја земја од која, низ која и кон која сака да патува (Општо правило: лична карта за државјаните на Европската унија, Швајцарија, Норвешка и на Исланд; пасош за сите останати државјани). Се препорачува да се проверат условите за влез и патување на земјата-дестинација/земјите-дестинации преку нивните амбасади или конзулати, како и да се разгледа веб-страницата europa.eu: http://europa.eu/youreurope/citizens/travel/entry-exit/index_en.htm
FlixBus не е одговорен за последиците што може да се јават како резултат на непоседување на потребните документи и исправи за идентификација.

14.3 Пред секое поаѓање, патникот којшто патува од или кон некоја меѓународна дестинација е должен, на барање на возачот или на услужниот персонал, да приложи прифатлив официјален документ за идентификација, кој како минимум треба да ги содржи целосното име и презиме на патникот и слика. Возачите и услужниот персонал проверуваат дали информациите на билетот се совпаѓаат со податоците од документот за идентификација што го приложил патникот.

14.4 FlixBus го задржува правото да не дозволи влез во автобусот:
- доколку патникот не поседува документ или исправа за идентификација на кои целосно ги има неговото/нејзиното име и презиме и слика;
- доколку патникот приложил документ или исправа за идентификација чии податоци не се совпаѓаат со информациите на билетот.

14.5 Во согласност со член 14.4, FlixBus нема обврска да ги рефундира парите за билетот, ниту целосно, ниту делумно, ниту пак да обезбеди надомест во каква било друга форма.

14.6 Багажот / куферите не треба да бидат заклучени, за да се забрза постапката за царинска контрола.

14.7 Патниците се обврзани со себе да носат само предмети кои по својата природа и според количеството се ослободени од плаќање царински давачки.
 

15 Деца и малолетници

15.1 Мали деца од 0 до 3 години смеат да се превезуваат само во седишта за мали деца. За време на патувањето во автобусот тие треба да бидат врзани со каишите. Седиштата за мали деца мора да бидат прицврстени со каиши со две точки на прицврстување и треба да ги носи со себе придружбата на децата.

15.2 Деца и малолетници под 10 години се превезуваат на сите национални и интернационални линии само ако за време на патувањето се придружувани од возрасно лице.

15.3 Деца и малолетници помеѓу 10 и 14 години смеат да патуваат без придружба само ако нивни старател при процесот на резервација писмено има потврдено дека малолетникот е способен и е во состојба да патува сам и без надзор. FlixMobility, компаниите на Flix и нивните компании-партнери не преземаат апсолутно никаква одговорност за надзор врз малолетникот. Деца што патуваат сами не можат да се превезуваат со ноќните линии и преку националните граници. Исто така сите деца што патуваат сами се исклучени од линии со прекачување во друг автобус.

15.4 Младите лица смеат да патуваат сами од 15 години. Кај интернационалните линии старателите мора да проверат дали младите лица ги носат со себе документите за идентификација и сите останати документи кои се потребни за преминување на граница (спореди број 14.2).15.5 Децата патуваат по намалена тарифа. Тоа важи за деца и малолетници под 15 години. Доколку има тарифа на акција под намалената тарифа, детето автоматски ја добива поповолната тарифа.

15.6 Клаузулите 15.2, 15.3 и 15.4 немаат никаква примена за линии надвор од Франција и линии од Франција во странство. Малолетници под 16 години при патување мора да бидат придружувани од старател. При патување на млади лица на возраст од 16 и 17 години од Франција во странство нивниот старател мора да провери дали младите лица ги носат со себе документите за идентификација и сите останати документи кои се потребни за преминување граница (лична карта или пасош).

15.7 Клаузулите 15.2, 15.3 и 15.5 не важат за линии надвор од Данска. Малолетници под 16 години може да патуваат сами во Данска, како и на линии со прекачување, ако едниот родител или старател писмено има потврдено дека малолетникот е во состојба да патува сам, без придружба и надзор. FlixBus не презема апсолутно никаква одговорност за надзорот на малолетникот. Во Данска децата секогаш патуваат по намалена тарифа за разлика од возрасните. До две деца под 12 години може да патуваат бесплатно во придружба на патник над 16 години. Дете под 12 години може да патува бесплатно во придружба на друго дете меѓу 12 и 15 години.

16 Патници со попреченост или ограничена мобилност

16.1 Во основа се превезуваат сите лица независно од тоа дали имаат попреченост или се ограничени во нивната мобилност. На лицата со попреченост или ограничена мобилност FlixBus им обезбедува помош која спаѓа во подрачјето на надлежност на превозникот според прилог I a и b од одредбата (ЕУ) 181/2011.

16.1.1 Во Чешка лицата со попреченост или ограничена мобилност патуваат по намалена тарифа доколку приложат важечка ZTP или ZTP/P карта издадена во Чешка.

16.2 Лице за придружба, како и кучиња за придружба на лица со попреченост и кучиња за водење на слепи лица

16.2.1 Лицето за придружба се превезува бесплатно ако е докажана потребата од постојана придружба. Докажувањето се врши со прикажување на соодветниот документ при почнувањето на патувањето во кој е забележана потребата за постојана придружба, на пр.

  • во Германија легитимацијата за лице со тешка попреченост или лекарско уверение од лекар специјалист
  • во Франција, Carte D'Invalidité (Besoin d´Accompagnement)
  • во Италија, лекарски уверенија издадени од локалните здравствени органи (ASL) или „Државната институција за социјална грижа" (INPS)
  • во Чешка, важечка ZTP/P карта издадена во Чешка)

16.2.2 За да се осигури изводливоста на превозот на лицето со попреченост или со ограничувања на мобилноста како и на неговото лице за придружба, потребно е патникот да нè информира пред резервацијата за неговата потреба (спореди број 16.5.3).

16.2.3 Кучињата за придружба на лица со попреченост и кучињата за водење слепи лица кои мора да ги носат со себе луѓето со попреченост, се превезуваат бесплатно доколку се прикаже важечка легитимација за лице со тешка попреченост или соодветна потврда (спореди 16.2.1). Животните нема потреба да носат корпи за уста.

16.2.4 За да се осигури изводливоста на превозот на куче за придружба или куче-водич, патникот треба пред неговата резервација, а најдоцна до 36 часа пред почетокот на патувањето телефонски да ја информира службата за корисници за неговата потреба.

16.3 Постојки/автобуски станици
Компаниите на Flix немаат никакво влијание врз состојбата на постојките и автобуските станици во однос на инфраструктурата и пристапноста, поради што не може да се даде никаква гаранција за тоа. Одговорноста за ова ја понесува соодветниот оператор на станицата.

16.4 Одбивање превоз

16.4.1 Ако поради конструкцијата на возилото или инфраструктурата, вклучувајќи ги автобуските станици и постојки, физички не е можно качување или слегување или превоз на лицето со попреченост или лицето со ограничена мобилност на безбеден и оперативно изводлив начин, се задржува правото на одбивање на резервација, издавање на билет или ставање на располагање на друг начин или земањето на лицето во автобусот. Во овој случај лицето ќе биде информирано за секоја прифатлива алтернатива за превоз со компаниите на Flix.

16.4.2 Поради конструкцијата на возилата во моментот е можен превоз само ако лицата со попреченост или ограничувања на мобилноста се во состојба да патуваат самостојно без помош од трети лица. Патникот може да побара да биде придружуван од друго лице по негов избор кое е во состојба да му ја даде помошта што му е потребна на лицето со попреченост или на лицето со ограничена мобилност за да изостават причините. Тоа лице за придружба се превезува бесплатно, а доколку е изводливо му се доделува место за седење до лицето со попреченост или лицето со ограничена мобилност.

16.4.3 Патникот ќе биде информиран писмено за соодветните причини за одбивање на превозот веднаш и на негово барање во рок од пет работни денови по приемот на барањето.

16.4.4 Ако му се одобри превозот на патник со попреченост или ограничена мобилност и ако му се издаде билет, но и покрај тоа му се откаже превозот, тогаш и патникот и неговото лице за придружба го имаат следниот избор: (a) надомест на цените на билетот и евентуално во најкраток можен рок бесплатно враќање назад на првата појдовна точка како што е наведено во договорот за превоз или (b) доколку е изводливо, продолжување на возењето или натамошното патување со изменет патен распоред преку соодветна алтернативна сообраќајна служба до дестинацијата наведена во договорот за превоз.

16.5 Носење инвалидска количка односно помагала за движење

16.5.1 Патниците со попреченост или ограничување на мобилноста имаат право на бесплатно носење на нивната количка или помагалата за движење со себе во багажниот простор на автобусот.

16.5.2 Освен тоа, сите инвалидски колички што се потребни во просторот за патниците, независно од датумот на производство, треба да имаат точки за прицврстување за нивно осигурување, таканаречени силни јазли, според DIN 75078-2 и да имат одобрување од производителот според DIN EN
12183 или 12184. Исполнувањето на пропишаните стандарди за превоз се потврдува во препратениот формулар пред резервирањето. (спореди број 16.5.4).

16.5.3 За да се провери можноста за превоз, патникот се замолува да ја информира телефонски службата за корисници за точниот тип на инвалидската количка или на другите помагала за движење пред резервирањето 14 дена, а најдоцна до 7 дена (при превоз во просторот за патници) пред почетокот на патувањето.

16.5.4 Патникот гарантира дека количката е функционална и технички дизајнирана на тој начин што ќе може безбедно да се користи за време на патувањето. Количката ги исполнува актуелните службени безбедносни барања. Превозот во количка може да се одбие ако има значителни индикации дека не е можен или е несигурен безбеден превоз. Превозникот ја исклучува одговорноста за штети поради неисправна техничка состојба на количката.

17 Резервирање на место за седење

17.1 Правење на резервација за место за седење

17.1.1 На одредени патувања со FlixBus, постои можност да резервирате точно одредено место за седење (покрај влезот односно покрај прозорец, приодот, масичка итн.) кога вршите резервација преку нашата FlixBus веб-страница, партнерските агенции или на местата на продажба на билети. Доколку постои таква можност за даденото патување, тогаш во резервацијата можете да додадете и седиште. Оваа услуга е подложна на трошоци. Цената за местото за седење се пресметува на основа на тарифата што важи на денот на купување на билетот за даденото патување. Сумата зависи од избраната категорија седиште и од релацијата. Седиштата за седење се разликуваат според нивната позиција (пр. подобар поглед, седиште со масичка).

17.1.2 Резервацијата на место за седење се потврдува со потврдувањето на резервацијата за патувањето. Во случај на резервации со повеќе лица, не постои строг распоред според кој секое од лицата од резервацијата ќе треба да седнат на точната бројка, односно тоа значи дека лицата од резервацијата можат слободно да седнат на кое било седиште наведено во резервацијата.

17.1.3 Не сте воопшто обврзани да резервирате место (и да ви се наплати за тоа). Доколку не сте направиле резервација за место за седење, можете слободно да изберете место во автобусот со предвид дека тоа не е зафатено. Во таков случај, не можеме да загарантираме дека семејствата или групите ќе можат да седнат заедно. Како и да е, ви гарантираме дека секогаш ќе добиете место за седење во автобусот.

17.2 Ограничувања во однос на резервирањето место за седење

17.2.1 Доколку не се појавите навремено во автобусот, ќе го изгубите правото за резервираното седиште и правото за транспортот. Во таков случај, FlixBus има право да го препраспредели билетот согласно Член 11.2. Поради тоа, доколку имате резервација за место за седење, се препорачува да се појавите на автобуската 15 минути пред тргнување на автобусот.

17.2.2 Во принцип, само лицата што имаат резервација за одредено седиште имаат право да седат на тоа седиште. Од оперативни и безбедносни причини, FlixBus има право да ги преназначи седиштата дури и откако автобусот тргнал. Таквите случаи, меѓу другото, вклучуваат ситуации кога треба да се преназначи место за седење на бремена жена, малолетно лице, дете што патува само или на лице со физички хендикеп, и кога за нив нема соодветно место за седење. Притоа, треба да ги почитувате инструкциите на возачот на автобусот. Преназначувањето на седиштата се врши без земање предвид на расата, религијата, бојата на кожа, националноста или полот.

17.2.3 Доколку е извршена промена на резервираното место за седење и не постои слободно место во резервираната категорија или во повисока категорија, патникот ги добива парите назад што ги дал за резервирање на место за седење. 

17.2.4 Во случај на откажувања или на одложувања согласно Член 20, сумата за резервацијата на место за седење ќе биде вратена.

17.2.5 Парите не се враќаат доколку патникот не се појавил или кога местото за седење е добиено бесплатно.

17.3 Откажување или промена на патување
Сумата дадена за резервација на место за седење се враќа во случај на откажување или промена на патување, освен ако седиштето било добиено бесплатно. Важат одредбите од член 9. При откажување на патувањето, резервациите за место за седење ќе се префрлат на други лица од истата резервација.

18 Превоз на стока

18.1 Багаж:

18.1.1 Багажот чиј превоз е вклучен во цената на билетот е ограничен на една патна торба по патник со максимална димензија од 80 х 50 х 30 cm. Се дозволуваат мали отстапувања од овие димензии, под услов ако вкупните димензии добиени како збир од вкупната висина, ширина и должина не надминуваат 160 cm. Секој патник може со себе бесплатно да понесе багаж со максимална тежина од 20 kg. Багажот може да вклучува куфери и торби. Исклучок од ова е превозот на планинарски ранци. Во поедини случаи, во рамки на расположливите капацитети, со доплата може да се носи уште една патна торба (дополнителен багаж) со максимална големина од 80 х 50 х 30 cm и максимална тежина од 20 kg. И кај овој дополнителен багаж се дозволуваат мали отстапувања, под услов вкупниот збир на димензиите на торбата да не надминува 160 cm. Се наплаќа надомест за багажот во висина од €2. Генерално, не може да се гарантира дека ќе постои можност да се патува со повеќе од една патна торба.

18.1.2 Дополнителниот багаж мора да се регистрира однапред, или (доколку е можно за патувањето) преку системот за резервации или по телефон, најмалку 48 часа пред почетокот на патувањето, преку следниве телефонски линии:

  • Повици од Германија и од Швајцарија (германска фиксна линија): +49 30 300 137 300
  • Повици од Австрија (австриска фиксна линија): +43 820 910 340
  • Повици од Италија (италијанска фиксна линија): +39 (02) 947 59 208
  • Повици од Франција (француска фиксна линија): +33 (0)1 76 36 04 12
  • Повици од Велика Британија (британска фиксна линија): +44 1 78 82 98 784
  • Повици од Хрватска (хрватска фиксна линија): +385 1 800 03 80
  • Повици од Данска (данска фиксна линија): +45 32 72 93 86
  • Повици од Шведска (шведска фиксна линија): +46 850513750
  • Повици од Полска (полски фиксен телефон): +48 22 307 93 34
  • Повици од Унгарија (унгарска фиксна линија): +36 1 701 04 78
  • Повици од Романија (романска фиксна линија): +40.376.300.111
  • Повици од Украина (украинска фиксна линија): +38 044 228 1473*

18.1.3 Патниците се должни да го означат својот багаж со своето име и адреса заради точна распределба и враќање, а особено за да се избегне помешување на багажот.

18.1.4 Патниците се должни сами да го пренесат својот багаж при промена на возилото. Возачот на автобусот може да помогне само во исклучителни ситуации и барањето на таква помош не би било оправдано, освен доколку патникот не е лице со хендикеп или лице со намалена подвижност.

18.2 Рачен багаж:

18.2.1 Рачниот багаж се превезува бесплатно, но е ограничен на 1 патна торба по патник со максимални димензии од 42 х 30 х 18 cm и максимална тежина од 7 kg.

18.2.2 Патниците мораат да го складираат и да внимаваат на рачниот багаж во патничката зона на начин кој гарантира дека безбедностa и соодветното работење на автобусот не се загрозени, и истиот не создава непријатности за другите патници. По правило, рачниот багаж треба да се стави на полиците за таа намена што се наоѓаат под седиштата пред патниците.

18.2.3 Патниците се задолжени да се грижат за својот рачен багаж и за неговата содржина и мора соодветно да внимаваат на него. Доколку се забележи дека некое трето лице има неовластен пристап, потребно е за тоа да биде известен возачот на автобусот. Од патниците се бара да проверат дали нивниот рачен багаж е комплетен пред да заврши патувањето.

18.3 Специјален багаж:

18.3.1 За таканаречениот специјален багаж, неопходна е претходна регистрација од патниците и потврда. Патниците немаат општо право да бараат превоз на специјален багаж.

18.3.2 За специјален багаж се сметаат предметите кои ги надминуваат димензиите на стандардниот багаж. Сепак, збирот на димензиите на специјалниот багаж не смее да надминува 240 cm (висина во cm + ширина во cm + дебелина во cm). Едно парче специјален багаж не смее да ја надминува максималната тежина од 30 kg.

18.3.3 Превозот на специјален багаж е ограничен на 1 парче по патник.

18.3.4 Обично не се врши превоз на монтажни елементи, покуќнина, делови од мебел, електронски уреди, штици за сурфање и картонски кутии. Ортопедските помагала и велосипедите не се сметаат за специјален багаж. Тие подлежат на посебни услови.

18.3.5 Специјалниот багаж мора да се регистрира однапред, или (ако тоа е возможно за патувањето) преку системот за резервации, или по телефон, најрано 48 часа пред почетокот на патувањето, на следниве дежурни телефонски линии:

  • Повици од Германија и од Швајцарија (германска фиксна линија): +49 30 300 137 300
  • Повици од Австрија (австриска фиксна линија): +43 820 910 340
  • Повици од Италија (италијанска фиксна линија): +39 (02) 947 59 208
  • Повици од Франција (француска фиксна линија): +33 (0)1 76 36 04 12
  • Повици од Велика Британија (британска фиксна линија): +44 1 78 82 98 784
  • Повици од Хрватска (хрватска фиксна линија): +385 1 800 03 80
  • Повици од Данска (данска фиксна линија): +45 32 72 93 86
  • Повици од Шведска (шведска фиксна линија): +46 850513750
  • Повици од Полска (полски фиксен телефон): +48 22 307 93 34
  • Повици од Унгарија (унгарска фиксна линија): +36 1 701 04 78
  • Повици од Романија (романска фиксна линија): +40.376.300.111
  • Повици од Украина (украинска фиксна линија): +38 044 228 1473*

Доколку специјалниот багаж може да се превезува, за него се наплаќа дополнителен надоместок од €9 по предмет. Превозот на специјалниот багаж, за разлика од обичниот багаж, секогаш се наплаќа.

18.4 Музички инструменти:

18.4.1 Музичките инструменти се сметаат за специјален багаж. Доколку инструментот (вклучително и куферот на инструментот) е помал од пропишаната големина на рачниот багаж, може да се превезува бесплатно наместо рачен багаж. Доколку инструментот (вклучително и куферот на инструментот) е поголем од пропишаната големина на рачниот багаж, мора да се превезува во задниот багажник. Во тој случај, се наплаќа дополнителен надоместок (види точка 17.3.5). Музичките инструменти и нивните куфери чии димензии се поголеми од 135 х 48 х 35 cm не се превезуваат.

18.4.2 Генерално се препорачува музичките инструменти да се превезуваат во тврди куфери.

18.5 Вредни предмети:

18.5.1 Вредни предмети, како што се готовина, накит, драгоцени метали, клучеви, очила (за сонце и/или за читање), електронски уреди (лаптоп компјутери, iPad-и, таблети, МР3 плеери, мобилни телефони, камери), контактни леќи, протези, лекови, важни документи (дипломи, други сертификати, акредитиви, пасоши, возачки дозволи, хартии од вредност), итн., и кршливи предмети, мора да се превезуваат во рачниот багаж, а не во обичниот багаж, и самите патници се должни да внимаваат на нив.

18.5.2 Доколку патниците, сепак, одлучиле да стават вредни предмети во својот обичен багаж, нема да се прифаќаат барања за надомест на штета. Случаите на намера или груба небрежност се изземени од тоа.

18.6 Колички за бебиња:

18.6.1 Количките за бебиња се превезуваат како специјален багаж (макс. 1 количка по патник). Количките мора да може да се склопуваат. Количките кои не се склопуваат нема да се превезуваат. Мора да се направи регистрација со јавување на дежурната телефонска линија на службата за грижа за корисници најрано 48 часа пред почетокот на патувањето.

18.6.2 Количките за бебиња се превезуваат бесплатно.

18.7 Велосипеди:

18.7.1 На некои линии се превезуваат и велосипеди. Велосипедите мора да се со стандардна големина и не смеат да надминуваат 25 kg – не се превезуваат е-велосипеди, електрични велосипеди со педали, тандеми или други велосипеди со три тркала.

18.7.2 Се препорачува сите патници кои сакаат со себе да понесат велосипед, однапред да направат резервација на патувањето и на просторот за велосипед.

18.7.3 Превоз на велосипеди се врши во зависност од расположливиот капацитет, којшто изнесува максимум 5 велосипеди по автобус. Патниците немаат општо право да бараат превоз на велосипед.

18.7.4 За превоз на велосипед се наплаќа €9, независно од должината и цената на билетот за резервираното патување. Велосипедите се превезуваат на држачи за велосипеди. Во посебни случаи, превоз може да се изврши само во соодветни вреќи во багажникот (на пр. во случај на велосипед на склопување). Во тој случај, службата за грижа за корисници мора да биде известена (види, исто така, точка 18.3.5).

18.8 Нема осигурително покритие за предметите заборавени или оставени во автобусот. Доколку патниците заборавиле некој предмет во автобусот, тие треба да го пополнат формуларот за изгубено-најдено на веб-порталот на FlixMobility.

18.9 Забрането е внесување опасни супстанции и предмети во автобусот, особено

  • експлозивни, лесно запаливи, радиоактивни, смрдливи или корозивни супстанции.
  • отпакувани или незаштитени предмети кои може да ги повредат другите патници.

Тука се вклучени и предмети како оружје, муниција и пиротехника.

19 Превоз на животни

19.1 По правило, во автобусите на долги релации не се врши превоз и транспорт на кучиња и други животни.

19.2 Правилата утврдени во точка 16.2.3, како и во точка 16.2.4 важат за помош при движење и кучиња-водичи.

20 Права на патниците во случај на доцнење или откажување

20.1 Во случај на откажување или доцнење, Flix компаниите или операторот на автобуската станица ги известуваат патниците коишто треба да тргнат од терминалот на кој има персонал за таквата ситуација што е можно поскоро, но најдоцна 30 минути по времето на поаѓање според возниот ред, и ги информираат за очекуваното време на поаѓање, веднаш штом таа информација стане достапна. На сите патници, а особено на оние кои треба да тргнат од автобуска станица на која нема персонал, Flix компаниите им обезбедуваат електронски информации во однос на откажувањето или доцнењето. За да може да ги добиваат овие информации, патниците мора да ги обезбедат потребните податоци за контакт (на пр. број на мобилен телефон).

20.2 Доколку е разумно да се претпостави дека поаѓањето на резервираното патување мора да се откаже, дека ќе биде одложено повеќе од 120 минути или во случај на прекумерен број резервации, патниците може да постапат на следниов начин: (а) во прва прилика да го продолжат своето патување на друга линија која оди до дестинацијата предвидена во договорот за превоз, под слични услови како оние предвидени во договорот или (б) да побараат да им се вратат парите за билетот и да добијат бесплатен превоз назад со автобусот до местото на поаѓање наведено во договорот за превоз, доколку тоа е соодветно. Може да се бара целосно враќање на износот платен за билетот, како за делот од патот што веќе е поминат, така и за делот од патот што не е поминат, под услов патувањето да станало залудно од аспект на првичните планови за патување на патникот. Рефундација се прави со враќање на парите во рок од 14 дена од приемот на барањето за надомест на штета или откако на патниците им било дадено да избираат помеѓу (а) и (б) погоре, освен доколку патниците не се сложиле со некој друг облик на рефундација.

20.3 FlixMobility им нуди на патниците бесплатно сместување во хотел или друг облик на сместување, како и поддршка во организирањето превоз помеѓу автобуската станица и местото на сместување, и тоа во случај кога е неопходно преноќување во текот на 1 или повеќе вечери како резултат на откажување или доцнење во поаѓањето од некоја автобуска станица кое надминува 90 минути во случај на патувања со предвидено времетраење од најмалку 3 часа. Во тој случај, FlixMobility им нуди на патниците ужинки, оброци или освежителни пијалаци согласно периодот на чекање или доцнење, под услов тие да се достапни во автобусот или на автобуската станица, или под услов да може да се набават на разумен начин. FlixMobility го ограничува вкупниот трошок за сместување, без тука да бидат вклучени трошоците за превоз помеѓу автобуската станица и сместувалиштето, на €80 од вечер по патник и на максимум 2 ноќевања. Горенаведеното право на бесплатно сместување во хотел или во друг вид на сместување не важи доколку FlixMobility може да докаже дека откажувањето или доцнењето било предизвикано од неповолни временски услови или силни природни катастрофи кои го загрозуваат безбедното испорачување на услугите за превоз согласно возниот ред.

20.4 Доколку возилото стане неисправно во текот на патувањето, FlixMobility им нуди на патниците да го продолжат патувањето со друго возило или да бидат превезени до некое соодветно место за чекање од каде ќе може да продолжат со патувањето.

20.5 Не се исклучуваат дополнителни побарувања за надомест на штета предизвикана од откажувањето или доцнењето.

21 Одговорност

21.1 Во случај на мала небрежност, одговорност се презема - со исклучок на случаи на животозагрозувачки и телесни повреди или загрозување на здравјето - само доколку била извршена повреда на основните договорни обврски. Неограничената одговорност за намера и груба небрежност и понатаму важи.

21.2 Одговорноста за колатерална штета се исклучува во случаи на обична небрежност. Тоа нема да важи за случаи на животозагрозувачки или телесни повреди и загрозување на здравјето со намера или од небрежност.

21.3 Износот на компензација во случај на смрт или на телесна повреда е ограничен на €220.000 по патник, при што износот на компензација во рамки на опсегот на примена на StVG (Законот за патен сообраќај) останува изречно резервиран.

21.4 Одговорноста и износот на компензација за оштетување на багажот ќе бидат ограничени и исклучени:

21.4.1 Во случај да настане штета на дел од багажот како резултат на незгода во која учествувал автобусот, или загуба на багажот од истите тие причини, износот на компензација од побарување по патник и парче багаж е ограничен на €1.200.

21.4.2 Одговорноста се исклучува во случаи на загуба на парчиња багаж што не е поврзана со незгодата во која учествувал автобусот, како и во случаи на помешување на багажот или негово крадење, освен кога станува збор за намера или груба небрежност.

21.4.3 Се исклучува одговорноста за штета или дополнителна штета што се јавила како резултат на тоа што патниците не го спакувале својот багаж на соодветен начин, освен кога станува збор за намера или груба небрежност.

21.5 Компензацијата во случај на оштетување на инвалидските колички и другата опрема за движење или помошните помагала секогаш го има најмалку оној износ потребен за замена или поправка на изгубената или оштетената опрема. Во постапката, ќе се направат сите напори да се обезбеди барем привремена замена, којашто одговара на техничките и функционалните карактеристики на загубената или оштетена инвалидска количка или на другата опрема за движење.

21.6 Износот на компензација за сите други штети на имот, кои не претставуваат ниту несакано оштетување на багажот, ниту оштетување на инвалидски колички или други помагала за движење или помошни помагала, е ограничен на €1.000, согласно член 23 од германскиот Закон за јавен превоз (Personenbeförderungsgesetz), освен доколку штетата на имотот не се должи на намера или груба небрежност.

21.7 Ограничувањата и исклучувањата од одговорност нема да важат за статутарните задолжителни обврски за одговорност без вина или во поедини случаи каде била прифатена гаранција без утврдување вина.

Клаузулите од 21.1 до 21.7 не важат за автобуските линии кои ги реализираат FlixBus Polska sp. z o.o. и други полски превозници. Во врска со ова, важат одредбите на генерално важечкиот полски закон, вклучувајќи ги одредбите на полскиот Граѓански закон и полскиот Закон за транспорт.

21.8 Следнава процедура за поплаки важи за автобуските линии во Полска и на меѓународните автобуските линии од Полска (21.8.1 до 21.8.9).

21.8.1 Поплаките кои произлегуваат од договорот за превоз склучен со превозникот, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на резервирањето на превозот, треба да бидат испратени преку образец на веб-порталите на FlixMobility, да му бидат дадени во писмена форма на возачот на автобусот или испратени во писмена форма (преку препорачана пошта) на следнава адреса на превозникот: FlixBus Polska sp. z o.o., ul. Fabryczna 5A, 00-466 Warszawa, Poland. Поплаките можат да бидат упатени во рок од една година од денот на настанување на околностите кои се предмет на поплаката. Сопственик на права е патникот или неговиот претставник, законски застапник или правен наследник.

21.8.2 Поплаката треба особено да вклучува назначување на лицето кое ја поднесува поплаката, опис на околностите и резервациите, посочување на претрпената штета, утврдување на обесштетувањето (износот на надоместот), потпис на лицето кое ја поднесува поплаката. Поплаките мораат да бидат придружени со оригинали или фотокопии од билетот, како и други документи во врска со склучувањето на договорот за превоз, вклучувајќи ги оние со кои се потврдува правото на бесплатен превоз или превоз со попуст.

21.8.3 Во случај на поплаки во врска со багаж, ве молиме опишете ја штетата или околностите кои настанале.

21.8.4 Ако поплаката не ги исполнува горенаведените услови, или се потребни дополнителни информации за да биде разгледана, превозникот го повикува лицето кое ја поднело поплаката да ги поправи недостатоците или да обезбеди дополнителни објаснувања во рок од 14 дена од приемот на барањето. Неодговарањето на повикот во рамките на пропишаниот период ќе резултира со неразгледување на поплаката.

21.8.5 Превозникот ја разгледува поплаката во рок од 30 дена од датумот на поднесувањето на поплаката или од датумот на прием на пополнетата поплака.

21.8.6 Неразгледувањето на поплаката во пропишаниот рок резултира со нејзино прифаќање.

21.8.7 Против секое лице кое поднело поплака која не е целосно или делумно прифатена, може да се вложи жалба. Превозникот ја разгледува жалбата во рок од 14 дена од приемот.

21.8.8 Побарувањата по судски пат можат да се остварат откако процедурата за поплаки е исцрпена.

21.8.9 Другите услови и деталната процедура за поплаки се регулирани со Законот за транспорт на Полска и извршните прописи.

22 Општи услови за превоз

Покрај овие „Посебни услови за превоз“, се применува и статутарниот акт во однос на Општите услови за трамвајски и автобуски превоз и услуги со моторни возила според возен ред од 27 февруари 1970 година (Сојузен службен весник I, страница 230) во неговата актуелна верзија.

Горенаведеното не влијае на автобуските линии кои ги реализираат FlixBus Polska sp. z o.o. и други полски превозници.

23 Место на судска надлежност

Место на судска надлежност за обични трговци, правни и физички лица, за кои не важи општата судска надлежност во Германија - како и за лицата кои по склучување на договорот за превоз го промениле своето место на живеење или вообичаено живеалиште кое сега се наоѓа во странство, и чие место на живеење или вообичаено живеалиште не е познато - е Минхен.

Горенаведеното не влијае на автобуските линии кои ги реализираат FlixBus Polska sp. z o.o. и други полски превозници.

24 Неприменливи одредби

Доколку поедини одредби од овие Општи услови и одредби за деловно работење и превоз треба да станат или станат целосно или делумно неприменливи или ништовни, тоа по правило нема да влијае врз применливоста на договорот за превоз во целина.

* Ве молиме, имајте предвид дека цената на повиците од фиксните линии, како и од мобилните линии зависи од цените на поедините телефонски оператори.