§§ geoTextTitle §§

§§ geoLinkText §§

ЧПП

Пред патувањето:

   

Сите линии на кои може да се направи резервација може да се најдат во нашиот пребарувач на резервации на FlixBus апликацијата и на https://www.flixbus.mk. Мрежата на тековни линии може да се најде на нашата веб-страница на Автобуски линии.

Доколку патуваш во група, имаш можност да изнајмиш цел автобус заедно со возач само за твојата група преку опцијата Изнајмување на FlixBus автобус. Нашиот автобус ќе ве земе од дома и ќе го следи вашиот план за патување. Сѐ што треба да направиш е да одиш на https://charter.flixbus.com, да го внесеш планот за патување, при што веднаш добиваш пресметка за цена, да резервираш бесплатно и со нетрпение да чекаш да дојде денот!

   

Може да се резервира билет за некоја од нашите линии околу 3 до 6 месеци пред датумот на поаѓање преку апликацијата или на нашата веб-страница.
Ние секојдневно работиме напорно на проширување на нашата мрежа на автобуски линии и на подобрување на постојните линии. Има три работи што ни се прираснати за срце: точноста, атрактивното време на поаѓање и најдобрите можности за преседнување. 

Доколку сакаш да бидеш во тек со информациите за новите линии, регистрирај се за нашиот билтен или стисни „Ми се допаѓа“ на нашата Facebook страница.

   

Најлесниот начин да резервираш автобуски билет е преку нашата веб-страница https://www.flixbus.mk/ или преку нашата апликација директно од твојот паметен телефон. Со рана резервација, секогаш можеш да ги добиеш најниските цени. Потврдата за резервацијата ќе ја добиеш по е-пошта (не заборавај секогаш да го провериш сандачето за спам пораки).

Исто така, резервацијата на билетот може да ја направиш телефонски со јавување на бројот на нашата корисничка служба (+39 02 947 59 208), во некое од нашите продажни места или директно кај возачот пред качување во автобусот. Треба да знаеш дека кога купуваш билет во автобусот, тој се наплаќа по стандардна цена (за возрасни и за деца), и се издава по принципот „прв дојден-прв услужен“. Но, за жал билетите со заштеда и билетите со попуст, вклучително и нашите цени за групни резервации, не важат кога билетот се купува од возачот. Сметкопотврдата од плаќањето на билетот во автобусот, исто така, служи како потврда за билетот/резервацијата.

   

Најлесниот начин е директно преку нашата апликација. Избери ја твојата станица, кликни на стрелката горе десно и пребарувањето ќе започне. Листа со местата на поаѓање можеш да најдеш на нашата апликација во делот „Автобуски станици" и кај прегледот на станиците. Само кликни на некој град и ќе ја добиеш адресата на автобуската/ите станица/ци, како и мапа. Мапите на кои се прикажани соодветните автобуски станици/постојки се дадени и на потврдата за резервација.

Автобуските станици/постојки се означени како такви на местата каде се наоѓаат.

   

Може да се плати на неколку начини:

  • Онлајн резервација преку нашата продавница: директно задолжување, кредитна картичка (Visa/Mastercard/Amex), Paypal, Sofortueberweisung (брз трансфер), Carte Bleue и iDEal.
  • Кај возачот на автобусот: може да се плати само во готовина, затоа што сѐ уште не е овозможено плаќање со картичка во нашите автобуси. Ќе добиеш сметкопотврда истиот ден кога ќе го купиш билетот од возачот на автобусот. Сметкопотврдата служи и како потврда за билетот/резервацијата. Напомена: кога го купуваш билетот директно од возачот на автобусот, тој секогаш се наплаќа по стандардна цена. Попустите и билетите со заштеда може да се добијат само кога плаќањето се врши онлајн или во некое од нашите продажни места/туристички агенции. Треба да се напомни дека во Шведска може да се плати само со картичка (MasterCard, Visa, American Express, Maestro, Visa Electron, V Pay, JCB, Diners Club, China Union Pay). Исто така, билетот може да го купиш од возачот на автобусот преку мобилниот телефон, со помош на NFC технологијата (на пр. Swish, Mobile Pay, Apple Pay, Android Pay).
  • Продажни места/туристички агенции: сите наши агенции нудат најразлични начини на плаќање, но во секој случај може да се плати со готовина.
  • Преку телефон: Кредитна картичка (Mastercard/Visa/Amex), како и прокнижување за клиенти со живеалиште во ЕУ.

Треба да имаш предвид дека некои начини на плаќање вклучуваат провизија кон трети лица. Меѓутоа, секогаш има еден начин на плаќање којшто не вклучува провизии. Провизиите се прикажуваат при постапката на резервација.

   

Ваучерот (на пр. поклон-картичката или сторно-ваучерот) може да ги искористиш при правење резервација онлајн преку нашата апликација или веб-страница, при правење резервација преку телефон, или во некое од нашите продажни места/туристички агенции. Откако твоето посакувано патување ќе го ставиш во кошничката за купување, ќе добиеш можност да го внесеш кодот на ваучерот. Напомена: може да се искористи само еден ваучер од резервација. Ниту еден ваучер, од ниту една вредност, не може да се замени за готовина. За повеќе информации за нашите поклон-картички за патување, посети ја нашата страница за поклон-картички.

Периодот на важност на ваучерите купени во нашиот фаншоп не може да се продолжи. Кодовите на ваучерите издадени при промена на резервацијата или како рефундација имаат важност од 1 година.

   

Доколку наидуваш на проблеми при правењето на резервацијата онлајн, тие најверојатно се должат на твојот интернет-прелистувач. За решавање на проблемот, на располагање ти стојат следниве опции:

  • Користи друг прелистувач.
  • Испразни ја кеш-меморијата, избриши ги колачињата, престартувај го прелистувачот и обиди се повторно.
  • Надгради го прелистувачот. Ние применуваме доста високи стандарди за безбедност и нашите страници се оптимизирани за да може да се вчитуваат преку најновите верзии на сите прелистувачи. На врската во продолжение може да ги најдеш најновите верзии на секој од прелистувачите: Firefox / Internet Explorer / Google Chrome

Сѐ уште не ти стигнала потврдата за резервација? Провери го сандачето за спам пораки.

Доколку и понатаму не можеш да најдеш решение за твојот проблем, јави се кај нашата корисничка служба на: +39 02 947 59 208. Ние секогаш со задоволство ќе ти помогнеме.

   

Имаме голем број продажни места насекаде низ Европа од каде што може да купите билети за превоз со FlixBus. Такви се туристичките агенции, шалтерите и сите партнери со кои имаме соработка.  Листата со сите наши продажни места може да ја видиш во прегледот на продажни места. Сѐ што треба да направиш е да го внесеш твојот град или поштенски код и ќе ги видиш сите продажни места во твоја близина.

   

Да, можеш да извршиш промена на резервацијата во делот „откажи/промени ја резервацијата“ на нашата веб-страница или во нашите продажни места/туристички агенции најдоцна 15 минути пред поаѓање:

Промена на податоците за патникот:

  • Телефонски број: бесплатно. Ќе добиеш нова потврда за резервација со нов број на резервација.
  • Име на патникот: бесплатно. Напомена: доколку твоето патување во моментот на откажување е поскапо од првично направената резервација, мора да ја доплатиш разликата. Ќе добиеш нова потврда за резервација со нов број на резервација.

Откажување и нова резервација: 
Доколку сакаш да извршиш промена на резервацијата, следи ги следниве чекори:

  • Провери дали има слободно место на посакуваната линија.
  • Со откажување на резервацијата ќе добиеш ваучер кој ќе може да го искористиш при следната резервација.
  • Резервирај си ново патување и искористи го ваучерот што ти бил даден. Ќе добиеш нова потврда за резервација и нов број на резервација. Доколку цената на новата резервација е повисока од вредноста на ваучерот, треба да ја доплатиш разликата.

Имај предвид дека во случај на сторнирање се наплаќа надомест по патник или патување како надомест за сторнирање. За потребата од плаќање на овој надоместок, ќе бидеш известен/а при постапката на откажување.

Што се случува кога ненамерно ќе направам грешка при резервирањето?
Ако забележиш дека е направена грешка при резервирањето, можеш ја смениш резервацијата или да го сторнираш билетот веднаш и до 60 минути по резервацијата без да ти биде наплатен надомест за сторнирање. Од ова правило исклучени се патувањата со веќе променета резервација.

   

Прво провери дали потврдата по е-пошта не стигнала во спам-сандачето.

Потврдата на резервацијата не е во спам-сандачето?

Ако го знаеш бројот на резервацијата, можеш да се пријавиш тука со твоето име и е-адреса и повторно да го симнеш твојот билет.

Ако и тука ништо не добиеш, контактирај нé преку Facebook или контактирај ја нашата служба за корисници.

   

Да. Можеш бесплатно да ги промениш податоците за патникот, најдоцна 15 минути пред поаѓање, преку нашата страница за „промена/откажување на резервации“ или во некое од нашите продажни места. Доколку во моментот на откажување твоето патување е поскапо од првично направената резервација, мора да ја доплатиш разликата. Ќе добиеш нова потврда за резервација со нов број на резервација.

   

Секако, тоа не е проблем. Внимавај само на тоа дека потврдата за резервацијата, односно билетот секогаш се испраќа на е-поштата која си ја навел во резервацијата. Биди сигурен дека другото лице, за кое правиш резервација, ќе го добие билетот од тебе.

Важни информации за патувањето се испраќаат на внесениот телефонски број. Затоа внеси го телефонскиот број на патникот при резервацијата.

Освен тоа, важно е да го наведеш точното име на патникот.

   

Децата патуваат по намалени цени. Ова важи за деца и за малолетници под 16 годишна возраст. Доколку има понуда на промотивна цена на билет којашто е пониска од намалената цена на билетот за деца, за децата автоматски важи пониската цена.

Малите деца на возраст од 0 до 3 години мора да се превезуваат во детски седишта. Тие мора да бидат врзани во текот на патувањето со безбедносниот појас од автобусот. Детското седиште мора да биде прицврстено со безбедносен појас со две крајни точки на врзување и обезбедено од родителот/старателот на детето.

Децата и малолетниците кои сѐ уште немаат наполнето 10 години може да патуваат на сите национални и меѓународни линии, само доколку за време на патувањето тие се придружувани од возрасно лице.

Деца и малолетници на возраст помеѓу 10 и 14 години може да патуваат со нашите автобуси без придружба само доколку законскиот старател при постапката за резервација приложил писмена потврда дека малолетникот може и е способен да отпатува сам и без нечиј надзор. FlixMobility, FlixCompanies и нашите партнерски компании не преземаат никаква одговорност за малолетникот. Деца кои патуваат сами не смеат да патуваат надвор од границите на државата, ниту пак да патуваат со ноќни линии. Освен тоа, деца кои патуваат сами не смеат да патуваат на линии со преседнување.

Адолесценти на возраст над 16 години може да патуваат сами со нашите автобуси. За патување на меѓународни линии, законскиот старател мора да гарантира дека адолесцентот ги поседува сите документи и идентификациски исправи неопходни за преминување на границата. 

На која било линија на територијата на Франција, како и на меѓународните линии од Франција, малолетниците на возраст под 16 години мора да бидат придружувани од родител или старател. Доколку млади лица на возраст од 16 или 17 години патуваат од Франција во странство, нивните родители или старатели мора да се погрижат тие да ги имаат со себе сите документи и исправи за идентификација неопходни за преминување граница (лична карта/пасош и виза, доколку е потребно).

На линиите на територијата на Данска, малолетниците на возраст под 16 години смеат да патуваат сами, дури и на линии со преседнување, доколку родителот или законскиот старател писмено потврди дека малолетникот е способен и е во состојба да тргне на пат без придружба и без надзор. FlixBus експлицитно се одрекува од каква било обврска за надзор над малолетникот.

   

Овде можеш да најдеш информации за можностите за патување на патниците со инвалидитет и со ограничена подвижност. За да се потврди можноста за обезбедување на услугата за превоз, неопходно е сите патници, коишто мора да патуваат со инвалидска количка, да се обратат кај нашата корисничка служба најрано 2 недели, а најдоцна 7 дена, пред резервацијата. Периодот на известување се намалува на 36 часа пред поаѓање за сите останати кои се во можност да се сместат на стандардно патничко седиште и покрај нивниот инвалидитет или ограничена подвижност.

Дали можам да патувам на која било автобуска линија од мрежата и покрај мојата ограничена подвижност?

Ние генерално обезбедуваме превоз секому - без оглед на инвалидитетот или ограничената подвижност. Меѓутоа, во моментов не се исполнети сите услови за да можеме да обезбедиме превоз секому, во секое време и на секоја линија. Од една страна, ова зависи од структурните услови на автобусите што ги користиме. Од друга страна, инфраструктурните услови за непречен пристап не се исполнети кај сите автобуски станици. Во моментов, FlixBus има само неколку автобуси кои овозможуваат непречен пристап и тие се користат флексибилно на неколку различни линии. Станиците/постојките се одговорност на операторите кои стопанисуваат со нив.
Доколку си со ограничена подвижност, но можеш самостојно или со помош на придружба да се качиш и да се симнеш од автобусот, тогаш ние може да те превеземе на која било од нашите линии. 
Доколку користиш инвалидска количка, но сепак можеш сам да станеш и да се качиш во автобусот, тогаш можеш да патуваш на која било од нашите линии.
Доколку инвалидската количка ти е потребна и во автобусот, поради оперативни причини, во моментов може да ти понудиме превоз само на одредени линии и откако ќе извршиме претходна внимателна проверка на твојата инвалидска количка.   

Како и кога може да резервирам патување? 

Доколку си врзан за инвалидска количка, обрати се кај нашата корисничка служба најрано 2 недели, а најдоцна 7 дена пред патувањето (+39 02 947 59 208*) за да провериме дали сме во можност да ти понудиме превоз. Доколку сите неопходни услови се исполнети, нашата корисничка служба ќе направи резервација за тебе и за твојот придружник преку телефон, од понеделник до петок, од 9 до 18 часот.
Доколку и покрај твоето ограничување, можеш да патуваш во стандардно патничко седиште, тогаш можеш сам/а да си го резервираш билетот и нема потреба од претходно известување. Доколку во багажникот треба да ставиш помагало за помош при движење, инвалидска количка или ортопедско помагало, или доколку имаш лице за придружба или куче-водич, мора да нѐ известиш за тоа 36 часа пред поаѓање.

Колкави се трошоците за лица во придружба и за куче-водич?

Доколку приложиш докази дека имаш потреба од постојана придружба, лицето кое те придружува, како и кучето-водич, патуваат бесплатно. Седиште ќе биде резервирано и за твоето куче-водич.
При поаѓање треба да приложиш доказ дека имаш потреба од постојана придружба, за да може лицето кое те придружува да патува бесплатно. Затоа, при тргање, приложи го соодветниот документ со кој се докажува дека имаш потреба од постојана придружба, како на пример

  • во Германија, Schwerbehindertenausweis (потврда за инвалидитет) или медицинска потврда
  • во Франција, „Carte D'Invalidit“ (Besoin d'Accompagnement) 
  • во Италија, потврда издадена од локална здравствена установа (ASL) или од „Националниот центар за социјални работи“ (INPS)
  • во Република Чешка, важечка „ZTP/P“ картичка издадена во Република Чешка

Истото важи и за твоето куче-водич. Исто така, ќе ти биде потребен доказ дека твоето куче има поминато признаена програма за обука за куче-придружник или куче-водич.

Кои услови треба да ги исполнува мојата инвалидска количка за да може да ја ставам во просторот за патници?

Во просторот за патници во автобусите на долги релации, може да се превезуваат само инвалидски колички кои го исполнуваат стандардот DIN EN 12183 или DIN EN 12184 за користење како патнички седишта и кои имаат систем за прицврстување согласно DIN 75078-2. Освен тоа, мора да се почитуваат следниве максимални димензии: макс. ширина од 80 cm x должина од 120 cm со вкупна тежина од 250 kg.
Доколку при пријавувањето се утврди дека инвалидската количка не ги исполнува овие услови, и покрај претходно дадените уверувања, нема да може да ја качиме во автобусот и правото на превоз во тој момент престанува да важи без можност за замена.

Дали автобуските станици до кои се патува нудат непречен пристап? 

Слично како и редизајнот на нашиот возен парк, потребно е одредено време за да се изврши приспособување на станиците/постојките за тие да може да нудат непречен пристап за лицата со инвалидитет, што значи дека во моментов немаме таква покриеност на целата мрежа. Меѓутоа, бидејќи ние не стопанисуваме со автобуските станици, во моментов не можеме да дадеме доволно информации за инфраструктурата. Затоа, пред да тргнеш на пат, најдобро е да се јавиш кај операторот на автобуската станица и да се информираш за условите.

Како и каде може да добијам помош?

По правило, треба да можеш сам да се качиш и да се симнеш од автобусот. Ова е од особена важност во случај да има потреба да се изврши евакуација на автобусот. Возачите не можат да даваат помош при патувањето. Професионална помош при качување и при симнување од автобусот или на самата автобуска станица може да се гарантира само на назначените автобуски постојки во Хамбург и во Минхен, кои овозможуваат непречен пристап за лица со инвалидитет. Заради твоја безбедност и со цел патувањето да ти биде што е можно попријатно, препорачуваме да патуваш со придружник, којшто ќе може да ти помогне по потреба.

   

Ние нудиме две опции за превоз по пристојна цена за тебе и за твојата група:

Ако сакаш флексибилност и да патуваш по своја желба, може да си изнајмиш сопствен автобус со возач на https://charter.flixbus.com. Оваа услуга вклучува сѐ: ќе те земе од дома, ќе те одведе директно каде сакаш и по потреба ќе може да го користиш и таму. Може веднаш да добиеш информација за цената и да резервираш, и потоа да уживаш во удобното патување со твојата група. А, ако нешто се предомислите, може бесплатно да го откажеш патувањето најдоцна 14 дена пред поаѓање.

Исто така, нудиме групен попуст на нашите редовни линии за групи од 3 до 40 луѓе. Можеш директно да резервираш под „Резервирај“, кога тоа ќе биде достапно. Меѓутоа, мора да резервираш најмалку еден ден однапред. Доколку специјалната цена е пониска од групната цена, тогаш ќе ти се прикаже специјалната цена, што значи дека секогаш имаш опција да резервираш по најниска цена. 

Доколку сакаш да одиш на некое место кое не е опфатено со нашите редовни линии, имаш можност да си изнајмиш автобус. Гарантирани ти се целосна флексибилност и удобност додека патуваш со нас на одржлив начин.

   

За сите патувања во странство, не заборавај со себе да понесеш важечки пасош, како и сите неопходни патни исправи, вклучително и копија од патничкото осигурување, доколку е неопходно. Не заклучувај го багажот затоа што честопати се прават безбедносни проверки при преминување на каналот, како и на други меѓудржавни граници низ Европа. Означи ги сите твои парчиња багаж со име и презиме и со адреса за да не дојде до помешување.

Сите прекуморски автобуски патувања кон континентална Европа се одвиваат преку Евротунелот. За дополнителни информации за времето на патување и за распоредот, отвори го возниот ред за твоето патување.

Освен тоа, имај ги предвид пасошот, визата, странските валути и здравствените прописи. Информации за овие прописи може да добиеш од Сојузното министерство за надворешни работи или од германската Сојузна полиција (или преку телефон со јавување на: +49 0800 6 888000).

Исто така, треба да ги имаш предвид и соодветните царински прописи. За прашања што се однесуваат на германските царински прописи, обрати се кај Централното информативно одделение на германската Царинска управа (enquiries.english@zoll.de или за прашања поврзани со деловното работење, на info.gewerblich@zoll.de).

   
Дали може да добијам попуст за патувања во рамки на територијата на Данска?

Студентите, децата и старите лица може да добијат билети по цена пониска од редовната, за патувања во рамки на територијата на Данска. Треба да знаеш дека ако резервираш и користиш билет со попуст, при качување во автобусот, возачот ќе побара да приложиш важечки документ за идентификација.

Студенти: Има попуст од 25% за запишани студенти со важечка студентска легитимација. Легитимации кои се прифаќаат се следниве:

  • Важечка студентска легитимација со слика и со датум на важење
  • Важечка студентска легитимација со слика и со потврда за упис издадена во изминативе 12 месеци
  • Важечка младинска книшка (во Данска, Ungdomskort, издадена од Trafikselskabet NT, Midttrafik, FynBus, Sydtrafik, DSB или од Movia)
  • Важечка ISIC студентска картичка

Стари лица: Има попуст од 25% за стари лица над 64 годишна возраст и за лица кои примаат пензија согласно данскиот закон за социјална пензија. Легитимации кои се прифаќаат се следниве:

  • Важечка идентификациска исправа од која се гледа дека лицето е над 64 годишна возраст, како што е здравствена картичка, возачка дозвола или пасош
  • Пензионерски чек издаден од некоја данска општина (pensionmeddelelse) заедно со идентификациска исправа, како што е здравствена картичка, возачка дозвола или пасош

Деца: Попустот за деца е поделен на две категории. Деца на возраст од 0 до 11 години и деца на возраст од 12 до 15 години. Доколку се јави сомнеж, неопходно е децата да имаат важечки идентификациски документ со кој се потврдува нивната возраст. Легитимации кои се прифаќаат се

  • Данска (жолта) или меѓународна (сина) здравствена книшка
  • Пасош

Деца кои патуваат сами може да резервираат билет по цена намалена за 50% од редовната цена. Најмногу две деца на возраст под 12 години може да патуваат бесплатно доколку ги придружува некој над 15 годишна возраст. Едно дете на возраст под 12 години може да патува бесплатно доколку е придружувано од малолетник на возраст меѓу 12 и 15 години.

Треба да знаеш дека категориите билети за деца, студенти и за стари лица важат само доколку се приложи бараниот документ за идентификација. Доколку не го приложиш бараниот документ за идентификација кај возачот, билетот со попуст нема да важи и ќе треба да купиш нов билет по редовна цена за да може да се качиш во автобусот.

Данските војници, кои отслужуваат задолжителен воен рок, може да патуваат бесплатно откако ќе ги приложат соодветната документација и идентификациската исправа за вршење на таквата служба. Неопходно е да се резервира седиште, а резервацијата мора да се изврши преку podrshka@flixbus.mk.

   
Дали може да добијам попуст за патувања во рамки на територијата на Република Чешка?

Студентите, децата, старите лица, како и лицата со инвалидитет или лицата со ограничена подвижност и нивните придружници, може да добијат билети по цена пониска од редовната, за патувања во рамки на територијата на Република Чешка.  Треба да знаеш дека ако резервираш и користиш билет со попуст, при качување во автобусот возачот ќе побара да приложиш важечки документ за идентификација, освен во случај кога е поинаку наведено.

Попустот за деца важи за следниве категории:

  • Деца на возраст од 0 до 5 години, придружувани од лице над 10 годишна возраст, може да патуваат бесплатно.
  • Деца на возраст меѓу 6 и 14 години добиваат попуст од 75%.
    Лице помало од 15 години нема потреба да приложува никаков документ за да го добие попустот.
  • Деца на возраст меѓу 15 и 17 години со лична карта издадена од земја-членка на ЕУ, пасош или каков било документ за идентификација на кој има датум на раѓање, име и презиме и слика, ученичка легитимација или студентска картичка ISIC.
 

Попустот за студенти на возраст меѓу 18 и 25 години важи за запишани студенти со важечка студентска легитимација. Легитимации кои се прифаќаат се следниве:

  • Важечка студентска картичка за студенти кои студираат во Република Чешка.
  • Важечка студентска картичка ISIC.
 

Попустот за стари лица  за лица постари од 65 години со лична карта издадена од земја-членка на ЕУ, пасош или каков било документ за идентификација на кој има датум на раѓање, име и презиме и слика.

Попустот за лица со инвалидитет важи за иматели на ZTP или ZTP/P картичка, при што картичката мора да биде издадена во Република Чешка. Лицето кое го придружува имателот на ZTP/P картичката може да патува бесплатно.

Возрасни кои одат во посета на дете во центар за згрижување може да добијат попуст откако ќе приложат соодветни потврди кај нашата корисничка служба: www.flixbus.mk/nashata-kompanija/kontakt.

Треба да знаеш дека категориите билети за деца, студенти, стари лица и лица со инвалидитет или лица со ограничена подвижност и нивните придружници, важат само доколку се приложи бараниот документ за идентификација, освен во случај кога е поинаку наведено. Доколку не го приложиш бараниот документ за идентификација кај возачот, билетот со попуст нема да важи и ќе треба да купиш нов билет по редовна цена за да може да се качиш во автобусот.

   

Нашите поклон-картички може да ги купиш онлајн преку нашиот Фаншоп. Се извинуваме за непријатноста, но страницата на нашиот Фаншоп моментално е достапна само на германски јазик. Доколку имаш какви било прашања, обрати се кај нашата корисничка служба.

Овде можеш да ја избереш вредноста на поклон-картичката, едноставно со кликање на „Gutscheine“. Сите поклон-картички може да се искористат преку нашата онлајн продавница за резервации. За дополнителни информации за нашите поклон-картички и упатство „чекор по чекор“ за тоа како може да ги купиш, посети ја нашата страница за поклон-картички

   

Да, можеш. Разгледај ги актуелните понуди на FlixBus чартер. Цената се прикажува веднаш, така што многу брзо и лесно може да резервираш. Услугата за изнајмување свој сопствен автобус ти гарантира целосна флексибилност и удобност додека патуваш со нас на одржлив начин. 

   
Сакам да креирам корисничка сметка на FlixBus. Што треба да направам?

Имаш две опции на располагање: Едноставно регистрирај се на нашата страница за најавување или пак преку постапката за резервација.

Внеси ја својата адреса на е-пошта на страницата за најавување, по што ќе добиеш е-порака со верификациска врска - ова понекогаш може да потрае и неколку минути. Потоа, сѐ што треба да направиш е да внесеш име и лозинка, и твојата корисничка сметка на FlixBus ќе биде целосно активирана.

Доколку сакаш да ја креираш сметката при правењето на резервацијата, само штиклирај ја опцијата во соодветното поле на страницата за плаќање. Кога постапката за резервација ќе биде завршена, автоматски ќе добиеш е-порака за верификација на адресата на е-пошта што ја имаш внесено при самото правење на резервацијата.

Освен тоа, откако ќе се регистрираш, можеш да ги поврзеш твојата сметка на Facebook и твојата корисничка сметка на FlixBus преку е-пошта.

   
Сакам да се најавам преку Facebook. Што треба да направам?

На страницата за најавување или на страницата за информации за патниците, може да се „поврзеш преку Facebook“; треба само да го прифатиш новиот прозорец што ќе се отвори. Предуслов: Да бидеш веќе најавен/а на твојата сметка на Facebook. Потоа ќе бидеш целосно регистриран/а и ќе добиеш е-пошта за потврда. И тоа е сѐ.

Се разбира, нема да објавуваме ништо на твојот времеплов на Facebook.

   
Сакам да се најавам на апликацијата. Зошто не можам?

Во Android FlixApp можеш уште денес да се најавиш. На тој начин на располагање ги имаш твоите билети и податоци на сите твои уреди.

Наскоро ќе има можност за креирање сметка на клиенти за iOS FlixApp.

Дотогаш, користи ја опцијата од апликацијата која ти овозможува да го внесеш својот билет со скенирање на QR кодот и зачувај ги твоите податоци таму.

   
Ја заборавив лозинката на мојата корисничка сметка на FlixBus / Не можам да се најавам

Може да ја ресетираш лозинката за брзо да дојдеш до своите информации и покрај тоа што ја имаш заборавено.

   
Мојата сметка не е верифицирана, но веќе ја немам е-пораката за потврда.

Доколку сѐ уште ја немаш верифицирано својата сметка или сѐ уште ја немаш добиено е-пораката за потврда, може да ти ја препратиме.

   
Што треба да знам за корисничката сметка на FlixBus?

Супер корисно е тоа што на корисничката сметка можеш да ги зачуваш податоците за плаќање! Со тоа, правењето на резервацијата оди многу побрзо, затоа што не мора одново да ги внесуваш податоците секој пат кога резервираш.

Доколку си најавен/а, може да дадеш согласност за зачувување на твоите податоци за плаќање само со едноставно штиклирање на опцијата. Твоите лични податоци и податоци за плаќање се безбедни кај нас - не ги проследуваме твоите податоци. За тоа повеќе можеш да прочиташ во нашите Насоки за заштита на лични податоци.

Во корисничката сметка, во делот „Мои резервации“, имаш преглед на сите твои билети, откако ќе го потврдиш регистрирањето со твојата адреса на е-пошта.

Се разбира, може да правиш резервации и за други луѓе - членови на твоето семејство или пријатели - но внимавај при внесувањето, имињата на патниците да бидат точни.

Најново: можеш да се најавиш и во Android апликацијата. На тој начин ги имаш на располагање твоите билети на сите твои уреди.

   
Може да резервирам седиште?

На многу рути можеш да го резервираш твоето омилено седиште.

Ако има можност за резервација на седиште на твојата рута, тоа ќе биде прикажано при процесот на резервација по внесувањето на податоците за патникот. И во нашите агенции и продавници може да се направи резервација на седиште. Опцијата за резервација на седиште за жал сè уште не е достапна кај возачот или во апликацијата.

Надоместот за резервација на седиште зависи од типот на избраното седиште и оддалеченоста. Сите цени за резервација на седиште ќе ги најдеш тука.

На твојот билет ќе го најдеш бројот на твоето седиште. Во нашите автобуси со опција за резервација на седиште ќе го најдеш бројот на седиштето во висина на очите на одделот за рачен багаж во темносива боја.

Додавање, промена и сторнирање резервација на седиште:
Резервација може да се направи при процесот на купување. За жал во овој момент не може дополнително да се резервира седиште. Ако сакаш да го сторнираш или да го смениш твоето седиште, тогаш кликни тука.

Групи:
Резервираните седишта не се доделуваат на конкретни лица во твојата резервација. Секој член на групата може слободно да избере некое од резервираните седишта.

Во некои наши автобуси нема можност за резервација на седиште.
Се разбира дека секогаш имаш седиште во нашите автобуси.

Во автобусите без можност за резервација на седиште важи политиката на слободен избор на седиште. За да добиеш конкретно седиште, ти препорачуваме да се качиш на автобус што е можно најрано. Ако саканото седиште во автобусот е зафатено, прашај ги другите патници дали може да се замените. Се разбира дека лицата со ограничена мобилност имаат предност при изборот на седиште.

  

Да, со новата опција можеш да го резервираш соседното седиште за себе. При резервирањето активирај ја опцијата "Дополнително седиште" при изборот на седиште и избери го твоето сакано седиште од понудените. За соседното седиште ќе ја платиш истата цена како за дополнителен билет. Може да има разлика во цената на твојот билет и на резервацијата на соседното седиште. Затоа твоето соседно седиште секако е резервирано за тебе. Нема да платиш уште една такса за седиштето.

На твојот билет и на твојата сметка ќе ги најдеш двете резервации на седишта.

Ако сакаш да земеш пријател, резервирај посебен билет. Слободното соседно седиште е резервирано само за тебе.

  

Ако сакаш некој спонтано да земеш, резервирај посебен билет. Слободното соседно седиште е резервирано само за тебе и не е важечки билет.

Во текот на патувањето и во автобусот:

   

За да се качиш во нашиот автобус потребна ти е потврдата за резервација во печатена или во електронска форма (.pdf датотека или QR код). Најлесниот начин е само да го покажеш својот билет директно преку нашата FlixBus апликација. Треба да имаш предвид дека за патување во друга земја треба со себе да ги носиш сите документи и исправи за идентификација неопходни за преминување на границата.

Потврдата за резервација ја добиваш на крајот од постапката за резервација во форма во којашто може да се испечати, како и по е-пошта (провери и во сандачето за спам пораки). Доколку билетот е купен од возачот на автобусот, сметкопотврдата служи истовремено и како потврда за резервација/купен билет.

   

За сите информации, упатства и дополнителни трошоци во однос на багажот што може да го понесеш со себе во нашите автобуси, прочитај ја во целост нашата политика за багаж.

Со себе бесплатно може да понесеш едно парче рачен багаж и едно парче обичен багаж . Означи го својот багаж со име и презиме и со адреса.

Рачен багаж: едно парче багаж кое не ги надминува димензиите од 42x30x18cm и кое не надминува тежина од 7kg. Сите вредни работи треба да се носат во рачниот багаж.

Обичен багаж: Багажот е ограничен на 1 парче со максимални димензии од 80 x 50 x 30 cm. Се дозволуваат мали отстапувања од овие димензии, под услов ако вкупните димензии добиени како збир од вкупната висина, ширина и должина не надминуваат 160 cm. Секој патник може со себе бесплатно да понесе багаж со максимална тежина од 20 kg.

Дополнителен багаж: Во зависност од расположливите капацитети, на патникот може да му се дозволи да понесе и второ парче багаж (дополнителен багаж). Тоа не смее да ги надминува димензиите на обичниот багаж и не смее да тежи повеќе од 20 kg. За превоз на дополнителниот багаж се наплаќа €2 и тој мора да биде пријавен или при самата постапка на резервација (доколку тоа е возможно), или откако резервацијата веќе била направена. Во вториот случај, пријавувањето и потврдувањето се прави најрано 48 часа пред поаѓање на автобусот со јавување на телефонскиот број на корисничката служба: +39 02 947 59 208*. Дополнителниот багаж што се регистрира преку нашата корисничка служба, го плаќате директно на возачот на автобусот и чини €4. Генерално, патниците немаат право на превоз на повеќе од едно парче багаж.

Специјален багаж: За парчето багаж, коешто ги надминува пропишаните димензии за багаж, се доплаќа €9. Збирот на димензиите на овој багаж не смее да надминува (висина во cm + ширина во cm + дебелина во cm) 240 cm и вкупната тежина не смее да надминува 30 kg. Освен тоа, специјалниот багаж мора да биде пријавен или при самата постапка на резервација (доколку тоа е возможно), или откако резервацијата веќе била направена. Во вториот случај, пријавувањето и потврдувањето се прави најрано 48 часа пред поаѓање на автобусот со јавување на телефонскиот број на корисничката служба: +39 02 947 59 208*. За специјален багаж се сметаат опремата за скијање и музичките инструменти (се препорачува да се превезуваат во заштитни куфери). Посебни правила важат за превоз на велосипеди и на ортопедски помагала. Некои предмети не се превезуваат.

Треба да имаш предвид дека може да има исклучоци од политиката за багаж на некои од нашите линии. Колку багаж можеш да понесеш на твоето патување ќе дознаеш при процесот на резервација.

За повеќе информации за правилата и прописите за превоз на багаж во нашите автобуси, види во нашите Услови и одредби.

   

Се препорачува дополнителниот и специјалниот багаж да се наведат при постапката на резервација. Доколку се случи да сакаш отпосле да додадеш багаж во твојата резервација, ти ги нудиме следниве две опции:

1) Може да го откажеш патувањето најдоцна 15 минути пред поаѓање преку нашата веб-страница во делот „Откажи/промени ја резервацијата“ или во некое од продажните места/туристички агенции, и потоа повторно да резервираш со внесување на податоци за багажот што сакаш да го понесеш. Постапката е опишана во ЧПП како одговор на прашањето „Дали можам сам/а да направам промена или повторна резервација или да ја откажам резервацијата?“.

2) Како алтернативна опција, може да го пријавиш својот дополнителен или специјален багаж за веќе резервирано патување со јавување на бројот на нашата корисничка служба. Во тој случај, можноста за прифаќање на багажот зависи од слободниот капацитет на автобусот. Плаќањето се врши кај возачот.

   

Твојот велосипед можеш да го земеш со себе ако има стандардна големина, ако е без монтажа и тежи макс. 25 kg. Во голем дел од нашите автобуси има држач за велосипеди во велосипедската сезона. При резервацијата можеш да го резервираш и тоа за дополнителни 9 евра.  Мал совет: Ако нема слободно место на твојата сакана линија, обиди се да направиш варијации на станиците, можеби некој ќе слезе на следната станица и ќе се ослободи место за твојот велосипед.

Велосипеди што се склопуваат можеш да ги земеш со себе со торба предвидена за нив. За таа цел слободно јави се во нашата служба за корисници за да го пријавиш велосипедот што се склопува како посебен багаж за 9 евра. Транспортот е во делот за багаж.

Велосипедото чини 9 евра и се плаќа кај шоферот. Носи и ситни пари. Е-велосипеди и мопеди, тандеми и трицикли не се превезуваат на држачите за велосипеди.

   

Не, тоа не е можно. Велосипедите, исто како и другиот багаж, ги превезуваме заедно со тебе, односно со патникот, на кого му припраѓа багажот или велосипедот.

   

Можеш да го понесеш твојот музички инструмент. Доколку твојот музички инструмент...

... не ги надминува максималните дозволени димензии и максималната дозволена тежина на рачниот багаж (42x30x18cm, 7kg), тој може бесплатно да се смести во делот за багаж во просторот за патници во автобусот. Тој ќе биде сместен на местото на рачниот багаж, така што во делот за багаж во просторот за патници во автобусот може да го сместиш или рачниот багаж, или музичкиот инструмент.

... ги надминува горенаведените димензии на рачен багаж, тој се смета за специјален багаж и мора да се смести во багажникот на автобусот во соодветен куфер за транспорт. За секое такво парче багаж се доплаќа €7 и тоа мора да се пријави кај нашата корисничка служба најрано 48 часа пред времето на поаѓање со јавување на телефонскиот број: +39 02 947 59 208.

... ги надминува димензиите од 135x48x35cm, не може да се превезува во нашите автобуси (на пр. контрабасови).

Треба да имаш предвид дека може да има исклучоци од политиката за багаж на некои од нашите линии. Колку багаж можеш да понесеш на твоето патување ќе дознаеш при процесот на резервација.

За дополнителни информации за превоз на музички инструменти, и на сите други видови багаж, во нашите автобуси, прочитај ја нашата политика за багаж.

   

Поради безбедносни причини, не дозволуваме внесување никакви домашни миленици или животни во нашите автобуси. Исклучок се кучињата за придружба и кучињата-водичи кои придружуваат патници со инвалидитет, откако ќе биде приложена соодветна потврда. Кучињата-водичи и кучињата за придружба се превезуваат бесплатно и мора да бидат пријавени најдоцна 36 часа пред поаѓање со јавување на дежурната телефонска линија: +39 02 947 59 208.

   

Нашите автобуси сообраќаат на редовни линии и мора да се придржуваат до возниот ред. Затоа, под ниту едни околности, не е возможно нашите возачи да чекаат некој патник што доцни. На патниците им се препорачува да си издвојат доволно време и да стигнат на автобуската станица најмалку 15 минути пред времето на поаѓање.

   

Начелно времето на поаѓање и пристигнување го наведуваме секогаш според локалното време на која било станица.

Ако има временска разлика во твојата линија, покрај наведеното времетраење на патувањето стои мала ознака во прегледот на расположливи рути.

За да можеш да патуваш опуштено и да стигнеш навремено на твојата станица, секогаш води се според локалното време!

   

За доцнења ќе бидеш информиран преку СМС или преку Push порака на телефонскиот број од резервацијата. Доцнењата се прикажуваат под „Актуелни информации за рутите“ во делот Услуги на нашата веб-страница или во прегледот на твојот билет преку апликацијата.

Ако FlixBus те информира за доцнење, можеш да бидеш сигурен дека нема да го пропуштиш автобусот доколку дојдеш на станицата 15 минути пред новото време на поаѓање.

Ако имаш резервација со поврзување, односно рута со прекачување со FlixBus, тогаш ќе те информираме преку СМС или Push порака дали ќе го стигнеш автобусот. Ако тоа не е случај, автоматски ќе добиеш нова резервација од нашиот тим за грижа за корисници и ќе бидеш информиран по порака.

Ако со доцнењето на некој автобус ќе пропуштиш некое патување со друго превозно средство, кое не е резервирано преку нас, многу ни е жал за тоа. Жал ни е кога се нарушуваат твоите планови за патување. Имај предвид дека за резервации со други превозни средства, кои не се во нашата понуда како рута, не е предвиден надомест. Со нашата мрежа на рути низ Европа правиме големи напори да ти ги понудиме најомилените дестинации преку FlixBus - провери дали можеш сè да најдеш кај нас.

   

За жал, не може да се качиш, ниту да се симнеш од автобусот на локација различна од онаа за којашто имаш резервација. Ова важи и за различни автобуски постојки/станици во ист град. Се разбира, може да го промениш местото на поаѓање или дестинацијата на твоето патување преку нашата веб-страница за да може да се качиш или да се симнеш од автобусот на посакуваната автобуска станица/постојка. За да направиш промена на резервацијата, посети ја нашата страница за откажување/промена на резервацијата

Треба да имаш предвид дека на некои линии што се пократки од 50km или од еден час возење, има оперативна забрана и не е дозволено да се продаваат билети за овие патувања. На овие станици/постојки не е дозволено качување или симнување од автобусот и не може да се прават резервации за тие линии. Те молиме за разбирање.

   

Сите наши автобуси се опремени со клима-уред, тоалет, ламби за читање и удобни седишта со поголем простор за нозете. Исто така, има освежителни пијалаци, бесплатна Wi-Fi конекција, а во некои наши автобуси може да се најдат приклучоци за струја и медиотека со филмови и музика по барање. Посети ја нашата страница за услуги во автобусот каде може да ги видиш сите услуги што ги нудиме во нашите автобуси. 

Напомена: нашата Wi-Fi конекција е на пробен период. Затоа, во текот на патувањето може да се случи привремено да снема Wi-Fi конекција кога автобусот се наоѓа во некоја област каде нема пристап до покриеност со безжичната мрежа или може да се случи сите патници да не бидат во можност истовремено да ја користат услугата. Во ретки случаи, бесплатната Wi-Fi конекција и приклучоците за струја во автобусот може да не бидат достапни, на пр. ако се користат автобуси за замена или ако имаш резервирано билет за превоз организиран од некој од нашите партнери. Такви се линиите на кои превозот е организиран од следниве партнери: Autobus Oberbayern GmbH, Allgäu Airport Express GmbH, Bohr Omnibus GmbH, Dr. Richard Linien GmbH & Co KG и Publicexpress GmbH.

  

На некои од нашите линии има предвидени паузи кои се усогласени со распоредот за возење и паузирање на возачите. По правило, наша цел е да те одвеземе до твојата дестинација на што е можно поефикасен начин, така што не нудиме дополнителни паузи. Од возачот на автобусот може да купиш грицки и пијалаци по поволна цена и по потреба може да го користиш тоалетот во автобусот. Тоа значи дека и на подолгите релации нема потреба дополнително да се запира.

Пушење во нашите автобуси, вклучително и на електронски цигари, е строго забрането. Меѓутоа, за време на предвидените паузи може да излезеш од автобусот на „пауза за цигара“. Извести го возачот пред да го напуштиш автобусот и не оддалечувај се премногу за време на паузите, затоа што возачот може да замине без тебе! Само прашај го возачот колку време ќе трае паузата. 

   

Сите наши автобуси се опремени со безбедносни појаси. На секое седиште има безбедносен појас со кој мора да бидеш врзан/а во текот на целото патување.

Багажот, дополнителниот багаж и нестандардниот багаж се превезуваат во багажникот на автобусот. Возачот на автобусот ќе се погрижи за ефикасно и безбедно внесување на твојот багаж. Рачниот багаж треба безбедно да го сместиш во просторот над седиштето кој е за таа намена. За дополнителни информации, види во нашата политика за багаж.

Твојата безбедност е наш прв приоритет. Сите наши возила и електрониката во нашите автобуси ги имаат поминато испитувањата на CITA и редовно се сервисираат. Сите наши возачи се специјализирани за превоз на патници и редовно посетуваат обуки. Сите наши возачи, без каков било исклучок, мора строго да се придржуваат до законски предвидените периоди на возење и на одмарање. Затоа, на некои подолги релации може да има двајца возачи во еден автобус или да има предвидени паузи. Доколку автобусот доцни во однос на предвидениот распоред, во исклучителни случаи може да се јави потреба од непредвидени повремени паузи. Ти благодариме за разбирањето.

За повеќе информации за безбедноста во нашите автобуси, посети го делот од нашата страница кој се однесува на безбедноста.

   

Сакаме во текот на твоето патување да се чувствуваш пријатно, така што дозволено ти е да јадеш и да пиеш во нашите зелени автобуси. Еве неколку насоки во однос на твоите сопатници:

  • Не носи јадења со силни миризби за доброто на сите.
  • Остави го седиштето какво што сакаш и ти да го најдеш: без трошки, остатоци од храна или отпадок. Во автобусот има канти за отпад за амбалажата.
  • Прекумерното консумирање алкохол или несоодветното однесување поради тоа, може да бидат причина за исклучување од патувањето.
   
  • JДа, начелно е возможно. Сепак, имај предвид дека билетите може да бидат распродадени. Затоа не можеме да ти ветиме дека можеш да патуваш со нас спонтано.
  • Билетите во автобусот може да се купат кај нашите возачи. Притоа имај доволно готовина, нема можност за плаќање со дебитна или кредитна картична.
  • Цената на билетот во автобус е во согласност со нормалната цена, односно во некои околности е значително повисока, имаме многу поволни понуди во случај на предвремена резервација преку FlixBus апликацијата или на нашата веб-страница. Сепак, постои можност за резервации до 15 минути пред поаѓањето преку нашата апликација.
  • Добар пат!
   

Услови за транспорт

Би ни било драго доколку ја искористиш нашата понуда во соработка со железничките линии. За да ти го направиме патувањето што е можно поедноставно, во возот главно важат истите правила како во автобус. Сепак, имај предвид дека за превезување патници со ограничена мобилност, како и за превезување животни во воз, важат посебни правила. Сите информации ќе ги најдеш во Општите деловни правила и услови за транспорт на нашиот партнер.

Внимание: ако ги комбинираш нашите превозни средства, односно дел од рутата патуваш со воз и потоа продолжуваш со автобус, важат Општите деловни правила и услови за транспорт на FlixBus.

Резервација на седиште

Билетите за воз не обезбедуваат резервација на седиште, туку само влез во возот. Во моментов вршиме тестирање на опцијата за резервирање седиште. Бидејќи оваа нова опција ја воведуваме постепено, при резервирање на патувањето ќе можеш да видиш дали и на твојата линија може да се резервира седиште.

Дел за деца

Во возот има дел за деца/семејство. Тука можат нашите најмали патници да си играат со дрвениот воз или да го искористат поголемиот простор за опуштено патување со нивните родители.

   
За моето патување можам да си резервирам седиште - каде може да седнам?

Се разбира дека секогаш имаш седиште во нашите автобуси.

Во автобусите со резервација на седиште ќе го најдеш бројот на седиштето во висина на очите, на одделот за рачен багаж во темно сива боја. Ако си резервирал конкретно седиште, тогаш бројот на седиштето ќе го најдеш на билетот.

Во тест-фазата не може да се резервираат многу седишта. Зелените налепници го означуваат делот со слободни седишта.
Ако си резервирал седиште, можеш слободно да го избереш твоето место во овој дел.
Дури и ако има слободно седиште што може да се резервира, можно е веќе да го резервирал друг патник за подоцна во текот на патувањето. Затоа те молиме седни само на слободно седиште со зелена налепница кое не може да се резервира.

По патувањето:

  

Доцнењата при пристигнување ќе ги најдеш под „актуелни информации за линиите“ во делот Услуги на нашата веб-страница. Тука можеш едноставно да ја избереш соодветната станица и да го провериш времето на пристигнување.

  

Не. Нашите билети важат само во нашите автобуси/возови, за конкретната линија за која си направил резервација. За приклучување во локалниот транспорт или за друго превозно средство, потребен ти е соодветен билет. Истото важи и за патување до твојата почетна автобуска станица/твојата почетна железничка станица.

  

По завршување на твоето патување, ќе ти испратиме прашалник по е-пошта. Твојот коментар ни е важен, затоа пополни го прашалникот.

Не ти стигнал прашалник по твоето последно патување? Причина за тоа може да биде ако последно со нас си се возел во пократки временски интервали. За да не ти се натрупаат многу е-пораки, прашалникот го праќаме на нашите редовни патници на секои 14 дена, а не по секое патување.

  

Доколку имаш изгубено или најдено нешто во некој од нашите автобуси, сѐ што треба да направиш е да го пополниш нашиот формулар за изгубено-најдено или да се јавиш во нашата корисничка служба на: +39 02 947 59 208. Ќе ти помогнеме што е можно побрзо.

Често поставувани прашања до FlixBus

Не можеш да најдеш одговор на твоето прашање?

Пополни го нашиот формулар за контакт и во него постави ги прашањата што ги имаш. Со задоволство ќе ти помогнеме!


*(Ве молиме, имајте предвид дека цената на повиците од фиксните линии, како и од мобилните линии зависи од цените на поедините телефонски оператори.)