Дали е возможно да се патува со автобус без да се остави јаглероден отпечаток?

Како се прави тоа?

Кога правиш онлајн резервација во продавницата на FlixBus, едноставно штиклирај го полето ClimatePartner „CO2 компензација“ откако претходно веќе си ја избрал/а посакуваната дестинација во Европа. Потоа, се пресметуваат емисиите на CO2 од твоето патување врз основа на времетраењето и растојанието на твоето патување. Пресметаниот износ автоматски се додава на цената на твојот билет. Твојот придонес во заштита на животната средина изнесува околу 1–3% од првичната цена на чинење на билетот. Твојата донација се вложува во некој сертифициран проект за заштита на климата согласно меѓународните стандарди за животна средина.

Размислувај еколошки! Подобро е за животната средина...

Автобусите на FlixBus се докажано ефикасни во поглед на потрошувачката на гориво и испуштаат многу ниски нивоа на стакленички гасови. Се разбира, тешко е да се патува без воопшто да се создаваат емисии на CO2, дури и кај најеколошките автобуси. Поради тоа, во соработка со ClimatePartner, на сите наши патници им нудиме можност да го компензираат влијанието врз климата од нивното патување со автобусот на FlixBus при правење на самата резервација. Согласно начелото на шемата за тргување со емисии, при правењето на резервацијата ти се нуди можност да дадеш доброволен прилог кон заштитата на животната средина, којшто се вложува во некој сертифициран проект за заштита на климата и се компензира соодветното количество емисии на CO2.

Еве како се искористи твојот придонес за компензација на емисиите на CO2 во 2016 година

Со твојот придонес за заштита на климата во 2016 година го поддржавме проектот за ветерна енергија на Карипскиот остров Аруба. Тоа подразбираше финансирање на изградбата и на одржувањето ветерни турбини како алтернативен и одржлив извор на енергија. Ветерната фарма на островот е важен пионерски проект за искористување на регионалните и обновливите извори на енергија за целиот Карипски регион. Со вложување во капацитети за ветерна енергија, се зголемува сигурноста на националниот систем за снабдување со енергија, се придонесува кон глобалната заштита на климата и се унапредува развојот на одржливото производство на енергија. Покрај заштита на климата, проектот има важен придонес за локалното население:

  • Поголема независност од странските извори на енергија преку зајакнување на снабдувањето од сопствени извори во регионот
  • Зајакнување на локалната економија преку создавање нови работни места со изградбата, стопанисувањето и одржувањето на системите
  • Унапредување на регионалната инфраструктура како резултат на проектот за ветерна енергија
  • Подобрување на локалниот квалитет на воздухот со избегнување на штетните супстанции кои претходно се создавале при производството на енергија од фосилни извори