Ценовник за резервирање седиште

Можеш да си резервираш седиште по свој избор кога ќе го резервираш патувањето. Ако не е избрано седиште, тогаш автоматски ќе ти биде доделено некое, или пак може да се применува правилото „прв дојден, прв услужен“. За групни резервации, нема гаранција дека сите седишта ќе бидат едно до друго, освен во случај ако ги резервираш седиштата во текот на постапката за резервирање на патувањето. Достапноста и надоместокот за резервација се разликуваат во зависност од рутата, линијата, категоријата седиште (до патеката, до прозорецот, седишта едно до друго или со маса) и времето на резервирање.


Категории седишта

  • Класично: седиште по твој избор без придобивките во продолжение
  • Панорамско: во прв ред со подобар поглед
  • Со маса: простор и комфор со маса напред
  • Комфорно: со поголем простор за нозете
  • Дополнително: уживај во дополнителен простор на тој начин што ќе си резервираш седиште и уште едно до него*
  • Единечно седиште: повеќе комфор без седиште до твоето
  • Седиште полукревет: седиште што се наклонува
  • Седиште кревет: седиште што целосно се спушта


Преглед на цените по седиште

 

ВалутаШифраЦеновен опсег
евроEURОд 0,99 до 9,99
американски доларUSDОд 1,49 до 15,99
швајцарски франкCHFОд 2 до 16
чешка крунаCZKОд 9 до 178
унгарска форинтаHUFОд 450 до 3.600
норвешка крунаNOKОд 15 до 80
шведска крунаSEKОд 15 до 80
бугарски левBGNОд 2,99 до 19,99
романска леаRONОд 6,99 до 59,99
британска фунтаGBPОд 0,99 до 8,99
полска злотаPLNОд 2 до 30
данска крунаDKKОд 10 до 70
српски динарRSDОд 170 до 1.400
босанско-херцеговинска конвертибилна маркаBAMОд 3 до 24
албански лекALLОд 190 до 1.500
украинска гривнаUAHОд 19 до 198
македонски денарMKDОд 90 до 720
турска лира**TRYОд 5 до 60
бразилски реалBRLОд 3,99 до 59,99
канадски доларCADОд 1,99 до 19,99
Чилеански пезосCLPОд 890 до 7,000
Мексикански пезосMXNОд 18.99 до 149.99
Индиска рупијаINRОд 0 до 419

Легенда

*Достапноста и надоместокот за резервација за дополнителни седишта се разликуваат во зависност од рутата, линијата, редовната цена на билетот и времето на резервирање. Поради тоа, горната табела не важи.

**Турска лира: наведените цени се исклучиво за патувања надвор од Турција. За национални цени, треба да се провери во Општите услови за превоз (достапни само на турски јазик).


Повеќе информации може да најдеш во нашите Услови и одредби. (FlixBus)

Повеќе информации може да најдеш во нашите Услови и одредби. (FlixTrain)