Партнери за иновации

FlixBus - ние ги спојуваме искуството со иновациите

FlixBus е национален автобуски превозник на долги релации кој ги комбинира основната компетентност и практичното знаење на различни чинители. Долгогодишното искуство, квалитетот и традицијата одат рака под рака со иновативното претприемништво.

Овој уникатен тип соработка на ниво на цела Германија го претвори FlixBus во еден од главните играчи на пазарот на меѓународниот автобуски превоз што резултираше со одржливо конкурентно зајакнување на компанијата. За краток временски период успеавме да ги етаблираме трговската марка „FlixBus“ и автобуските линии како нов алтернативен начин за патување на долги релации во Германија и низ Европа. Затоа FlixBus соработува со угледни партнери од области, како што се економијата, науката и технологијата.

FlixBus - мобилна инфраструктура за автобуска мрежа базирана на учинок

Услугата за меѓународен автобуски превоз на FlixBus се базира на сеопфатната мрежа на автобуски линии, како и на иновативниот систем за билети и резервации базиран на учинок. Оваа мобилна технологија беше специјално дизајнирана за FlixBus и е потполно уникатна за нашата компанија. За таа цел, нашиот ИТ тим имаше поддршка од меѓународни експерти за хардвер и за софтвер кои дадоа дополнителна иновативност.
 

Microsoft BizSpark
Entrepreneurship LMU
Atmosfair
moovel
Bus & Coach Smart Move
Salesforce