Багаж
Треба да додадеш дополнителен или специјален багаж за твоето патување при процесот на резервација или онлајн после извршено купување на билет преку „Управување со резервацијата“. За додавање багаж на лице место во автобусот се наплаќаат поголеми надоместоци. Затоа ти препорачуваме да го додадеш онлајн пред почетокот на патувањето, и тоа што е можно порано, затоа што просторот за багаж во возилото е ограничен.
Достапноста и надоместокот за багаж се разликуваат во зависност од рутата, линијата, времето на резервирање и начинот на резервирање.
Повеќе информации и детали за производот може да најдеш во политиката за багаж FlixBus & политиката за багаж FlixTrain.
Преглед на надоместоци за дополнителен и за специјален багаж
Валута | Шифра | Ценовен опсег |
---|---|---|
евро | EUR | Од 3,99 до 18 |
американски долар | USD | Од 19,99 до 60 |
швајцарски франк | CHF | Од 6 до 22 |
чешка круна | CZK | Од 49 до 170 |
унгарска форинта | HUF | Од 600 до 2.400 |
норвешка круна | NOK | Од 39 до 180 |
шведска круна | SEK | Од 39 до 180 |
бугарски лев | BGN | Од 7,99 до 38 |
романска леа | RON | Од 39,99 до 140 |
британска фунта | GBP | Од 3,99 до 18 |
полска злота | PLN | Од 7,99 до 50 |
хрватска куна | HRK | Од 30,06 до 135,62 |
данска круна | DKK | Од 39 до 130 |
српски динар | RSD | Од 199 до 2.100 |
босанско-херцеговинска конвертибилна марка | BAM | Од 2,90 до 34 |
албански лек | ALL | Од 249 до 2.400 |
украинска гривна* | UAH | Од 59 до 320 |
македонски денар | MKD | Од 119 до 1100 |
турска лира | TRY | Од 35 до 144 |
бразилски реал | BRL | Од 6,99 до 19,98 |
канадски долар | CAD | Од 19,99 до 60 |
Чилеански пезос | CLP | Од 2190 до 6000 |
Мексикански пезос | MXN | Од 299,99 до 1200 |
Легенда:
*Резервирање багаж откако билетот веќе е резервиран не е возможно на украинските линии.
Повеќе информации може да најдеш во нашите Услови и одредби. (FlixBus)
Повеќе информации може да најдеш во нашите Услови и одредби. (FlixTrain)