§§ geoTextTitle §§

§§ geoLinkText §§

Заштита на податоци

Интернет-порталот на FlixMobility GmbH и порталот за резервации, којшто е интегриран во него, (во понатамошниот текст: „веб-страница“) се раководени од FlixMobility GmbH, Birketweg 33, 80639 Минхен, Германија (во понатамошниот текст: „FlixMobility“ или „ние“). Заштитата на Вашите лични податоци е многу важна за нас. Оттука, заштитата на податоци претставува висок приоритет на FlixMobility GmbH. При собирањето, обработката и користењето на Вашите податоци, ние строго се придржуваме до законските одредби од Законот за заштита на податоци и од Сојузниот закон за заштита на податоци.

1.   Собирање, обработка и користење лични податоци

Обработката на вашите лични податоци се изведува базирано на следната правна основа:

1.1 Договорни односи согласно член 6, ставстав 1, точка b од DS-GVO (Datenschutz-Grundverordnung [Законот за заштита на податоци])

Ги обработуваме личните податоци кои ги давате доброволно (име, според член 6, став 1, точка b од DS-GVO за обработка на порачувањето билети согласно договорот, за извршување на превозот и за отворање на корисничка сметка во рамките на претходно договорените мерки.

За таа цел, потребни ни се Вашето име и презиме, како и Вашиот број на мобилен телефон. За обработка на плаќањето може да бидат неопходни следниве дополнителни податоци: за да се изврши уплата за резервирано патување со кредитна картичка, на FlixMobility му се потребни податоците за Вашето целосно име и презиме, адресата на е-пошта и податоците од кредитната картичка.

1.2 Легитимен интерес согласно член 6, став 1, точка f од DS-GVO

На основа на легитимниот интерес согласно член 6, став 1, точка f и доколку е применливо, точка b од DS-GVO, потребните податоци ги обработуваме за следната намена:

  • Податоците неопходни за обработка на договорот и за обезбедување на услугите за превоз само се проследуваат до автобуските компании кои го вршат превозот и до други трети лица (на пр. даватели на ИТ услуги, услуги за превоз, грижа за корисници и обработка на плаќања) во онаа мера во којашто тоа е неопходно за регистрација и обработка на продажбата на билетот. Во оправдани случаи (на пр. оштетување на автобусите), го задржуваме правото да ги проследиме податоците за корисникот до нашите партнери кои вршат автобуски превоз. Нашите превозници можат да ги користат тие податоци исклучиво за исполнување на своите задачи и за никакви други цели. Што се однесува до обработката на порачка, таа се врши со земање предвид на законите за обработка на порачки согласно член 28 од DS-GVO.
  • Освен за обработка на порачката на билет, FlixMobility GmbH ги користи Вашите податоци и за рекламни цели, како и за истражување на пазарот и на мислењата за да Ве информира околу понуди и новости коишто специфично одговараат на Вашите интереси преку пошта или билтен. За таа цел, ние спроведуваме ревизија на рекламите за целите на рекламирање базирано на интересите, на основа на легитимни интереси согласно член 6, став 1, точка f од DS-GVO. Може да се спротивставите на тоа Вашите податоци да бидат користени за рекламни намени, за испитување на пазарот и на мислењата, како и за ревизија на рекламите со тоа што ќе испратите барање за до FlixMobility GmbH, Birketweg 33, 80639 München или на data.protection@flixbus.com.
  • Вашите податоци може да се проследат до еден од следните сервиси за платен промет како дел од процесот на наплаќање. Бројот на кредитната картичка и другите банкарски детали се испраќаат директно до сервисите за платен промет и не се зачувуваат од страна на FlixMobility:
    • Уплатите се обработуваат од страна на нашиот партнер Adyen BV, Simon Carmiggelstraat 6–50, 1011 DJ Амстердам, Холандија. Со цел спречување и детектирање случаи на измама, ние ја проследуваме Вашата IP адреса до нашиот партнер Adyen BV, Simon Carmiggelstraat 6–50, 1011 DJ Амстердам, Холандија. Adyen BV ја зачувува Вашата IP адреса. Сите податоци се пренесуваат во шифрирана форма.
    • Уплатите извршени со кредитна картичка, Giropay (директно задолжување од тековна сметка) и iDeal се обработуваат од Heidelberger Payment GmbH, со седиште на Gaisbergstr. 11–13, 69115 Хајделберг, Германија. Освен тоа, и компанијата PAY.ON AG, со седиште на Lucile-Grahn-Str. 37, 81675 Минхен, Германија, доаѓа во контакт со Вашите податоци за плаќање. Heidelberger Payment GmbH е сервис за платен промет согласно дефиницијата од ZAG (Zahlungsdiensteaufsichtsgesetz [Закон за надзор на платниот промет]) и е регистриран во Bundesanstalt für Finanzdienstleistungsaufsicht (BaFin, Сојузната управа за финансиски надзор), Graurheindorfer Str. 108, 53117 Бон, Германија (регистарски број: 122914).
    • Уплатите преку PayPal ги обработува PayPal (Europe) S.à r.l. & Cie, S.C.A., 5-ти кат, 22–24 Boulevard Royal, L-2449 Луксембург. Дополнителни информации за политиката на приватност на Paypal може да се најдат во Политиката за приватност на Paypal.

1.3 Согласност според член 6, став 1, точка a од DS-GVO

Доколку се одлучите да користите директно задолжување, Вие се согласувате во рамките на резервирањето билет да бидат доставени Вашите лични податоци (име, адреса, датум на раѓање, адреса на е-пошта и банкарски податоци) како и нарачката на билет до RatePAY GmbH, RatePAY GmbH, Schlüterstraße 39, 10629, Берлин, Германија со цел за проверка на Вашиот идентитет и кредитоспособност, како и за склучување договор. За таа цел, плаќањето го пренесуваме кај RatePAY. За повеќе детали, погледнете ги дополнителните општи одредби и услови и напомени околу заштитата на податоци за методите на плаќање овозможени од RatePAY.
 

2.  Најавување на корисникот/корисничка сметка

Имате можност да креирате лична корисничка сметка кај нас. Во делот од корисничката сметка, којшто е заштитен со лозинка, лесно може да раководите со Вашите резервации и да ги зачувате Вашите податоци за идни патувања.

Полињата означени како задолжителни (*), коишто вклучуваат лични податоци, се користат само за отворање и обработка на Вашата сметка. За почеток, потребно е да ја внесете само Вашата адреса на е-пошта. Ја користиме за потврдување на Вашиот идентитет. При постапката на регистрација, исто така, дадена е можност да ги внесете Вашето име, Вашата адреса, а доколку сакате, и податоците за Вашата банкарска сметка.

Овие податоци се користат, како за креирање фактури, така и за автоматско пополнување на полињата со Ваши податоци при идни резервации. Освен тоа, доколку сакате, може да го внесете и Вашиот број на мобилен телефон за да може да стапиме во контакт со Вас во случај на доцнење или промена на линијата.

Доколку дадете согласност, преку опцијата „Остани најавен/-а“ се зачувуваат таканаречени постојани колачиња на уредот од којшто сте се најавиле; тие се користат за автоматско најавување при посета на нашата веб-страница во иднина. Оваа опција не е достапна доколку го имате деактивирано зачувувањето на колачињата во поставките на Вашиот прелистувач.

Може да ја ажурирате или да ја избришете Вашата сметка - а со тоа и Вашите зачувани лични податоци - во кое било време преку Вашата лична корисничка сметка.

Поради законски обврзувачките периоди за задржување на податоците, личните податоци кои се неопходни за извршувањето на договорот не се бришат со бришење на сметката.
 

3.  Билтен

Доколку се регистрирате за да го добивате нашиот билтен со Ваша согласност според член 6, став 1, точка а од DS-GVO, Вашите лични податоци ќе се користат за комуникација со Вас (пр., сервисни пораки, системски пораки, е-пораки со кои се потврдува Вашата регистрација, како и за пренесување информации за корисничката сметка, информации за Вашите билети и планови за патување или Вашите профили на патување), и тоа сѐ додека не се одјавите за повеќе да не го добивате билтенот.

Доколку ја добиеме Вашата адреса на е-пошта при резервација или патување, и Вие не сте побарале да ја изземеме, го задржуваме правото редовно да Ви испраќаме понуди за производи слични на оние што претходно сте ги купиле од нас.

Може да ја повлечете согласноста за такво користење на Вашата адреса на е-пошта и за обработка и користење на податоците за креирање на кориснички профил во секое време со испраќање на е-порака на unsubscribe@flixbus.com или преку врската за откажување на билтенот.
 

4.  Безбедност на податоци

Ние применуваме технички и организациски мерки за заштита на приватноста на корисниците на нашата веб-страница и на поврзаните системи. За гарантирање безбеден пренос на лични податоци, го користиме протоколот за шифрирање SSL 3.0 (а основната шема на шифрирање е RSA-2048 што се користи за инфраструктура на јавен клуч). Овој метод успешно се користи насекаде низ светската Интернет-мрежа. Сите лични податоци (име, адреса, информации за плаќање, итн.) се шифрирани, и со тоа безбедно се пренесуваат преку Интернет. Симболот (заклучен катанец) на долната лента од прозорецот на Вашиот прелистувач покажува дека се наоѓате во безбедна зона.
 

5.  Пренос на податоци во трети земји

Податоците се обработуваат во Германија или во земји на Европската унија. Во одредени случаи во коишто обработката е планирано да се случува во трети земји, обработката на податоците ќе се изведе само доколку е утврдено потребното ниво на заштита на податоци во третата земја од страна на Европската комисија согласно член 45 од DS-GVO или само доколку се постигнати стандардните договорни клаузули на ЕУ.
 

6.  Времетраење на зачуваните податоци

Податоци ги чуваме сè додека се употребуваат за соодветните процеси на обработка (пр., изведување договор, рекламни цели) и за исполнување на комерцијалните и даночните прописи согласно член 6, став 1, точка c од DS-GVO и § 257 став 1 од HGB (Handelsgesetzbuch [Законот за трговија]) и § 147 став 2 од AO (Abgabenordnung [Даночниот законик]).


7.  Податоци за контактирање на одговорните лица

Одговорно лице за обработката на личните податоци е FlixMobility GmbH, Birketweg 33 80639 Минхен, Германија, со адреса на е-пошта info@flixbus.mk претставувана од управителите Андре Швамлајн, Арнд Швирхолц, Даниел Краус и Јохен Енгерт.
 

8.  Права за информираност и поплаки

Согласно Законот за заштита на податоци, имате право бесплатно да добиете информација за податоците што се чуваат за Вас, како и право да барате нивно коригирање, бришење, ограничување на нивната обработка или блокирање тие да се зачувуваат. За таа цел, Ве молиме обратете се кај FlixMobility GmbH, Birketweg 33, 80639 Минхен, Германија, или испратете ни е-пошта на data.protection@flixbus.com.       

Можете да контактирате со нашето службено лице за заштита на податоците на data.protection@flixbus.com.

Освен тоа, имате право на поплака околу заштитата на податоците кај надлежните власти.
 

9. Употреба на колачиња

Кога ја посетувате нашата веб-страница, во Вашиот прелистувач се собираат информации во форма на колачиња (мали текстуални датотеки). Во нив се зачувуваат податоци за Вашето користење на веб-страницата (идентификациски број, датум на посета итн.). Со помош на колачињата, Ви го олеснуваме користењето на нашите Интернет-понуди преку различни сервисни функции (пр., препознавање на претходни посети) со што добивате искуство на користење скроено за Вас. Можете да спречите овие колачиња да се зачувуваат или пак да ги избришете веќе зачуваните колачиња преку соодветните поставки во Вашиот Интернет-прелистувач. Опцијата за помош на повеќето прелистувачи би требало да Ви помогне за како да ги поставите овие параметри. Неприфаќањето на колачињата може да влијае врз сервисните функционалности на Интернет-понудите на нашата веб-страница. Поради тоа, препорачуваме да ја оставите вклучена функцијата за колачиња.

Освен тоа, користиме колачиња од трети страни за технологии за повторно таргетирање и повторно рекламирање со цел оптимизација на нашите Интернет-понуди, како и за маркетиншки цели базирани на интерес. Евидентираните пребарувања се анализираат преку алгоритам за да може да се пласираат таргетирани персонализирани препораки за производи во форма на веб-банери или реклами на веб-страниците на трети лица. Профилите на користење под псевдоним не се поврзани со личните податоци на носителот на псевдонимот без да се даде посебна експлицитна согласност.

Опфатни информации за тоа како можете ова да го направите на различни прелистувачи, можете да најдете на Интернет-страниците: youronlinechoices, Network Advertising Initiative и/или Digital Advertising Alliance. Таму ќе пронајдете информации за тоа како можете да ги избришете колачињата од Вашиот компјутер, како и општи информации за колачиња.

9.1 Google AdWords

Со цел оптимизација на нашата веб-содржина и препорака на производи, ја користиме технологијата на Google Inc. (1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, САД; понатаму како „Google“) за креирање профили на користење под псевдоним за пребарувачките навики на посетителите на веб-страницата заради маркетиншки цели. За таа цел, може да се користат колачиња, коишто овозможуваат да се препознае Интернет-прелистувачот при следната посета. Евидентираните пребарувања се анализираат преку алгоритам за да може да се пласираат таргетирани персонализирани препораки за производи во форма на веб-банери или реклами на веб-страниците на трети лица. Профилите на користење под псевдоним не се поврзани со личните податоци на носителот на псевдонимот без да се даде посебна експлицитна согласност. Во кое било време може да одбиете да се креираат профили на користење под псевдоним за персонализирани промоции/реклами со посета на https://www.google.de/settings/ads. Повеќе информации за персонализираното рекламирање може да се најдат на http://www.google.com/policies/technologies/ads/.
 

9.2  Facebook Custom Audiences

Оваа веб-страница ја користи технологијата за повторно таргетирање Pixel Custom Audiences на социјалната мрежа Facebook, 1601 South California Avenue, Palo Alto, CA 94304, САД. Со помош на технологијата за повторно рекламирање Pixel, Facebook може да ги користи посетителите на нашата веб-страница како целна група за приказ на реклами преку Facebook-Ads. За таа цел, во Вашиот компјутер се зачувува Facebook колаче. Целта и опсегот на собирањето податоци и понатамошната обработка и користењето на овие податоци од страна на Facebook, како и Вашите права во однос на тоа и поставките што стојат на располагање за заштита на Вашата приватност, може да се најдат во политиките на приватност на Facebook на https://facebook.com/policy.php и https://www.facebook.com/ads/settings. Можете да се информирате околу користењето на Custom Audiences на http://www.youronlinechoices.com/de/praferenzmanagement/ или овде доколку имате профил на Facebook.

9.3. Google Analytics

Оваа веб-страница користи Google Analytics, услуга за веб-аналитика што ја обезбедува Google Inc. („Google“). Google Analytics користи таканаречени „колачиња“, односно текстуални датотеки што се складираат во Вашиот компјутер, кои овозможуваат да се анализира начинот на кој ја користите веб-страницата. Оваа веб-страница, исто така, користи Google AMP Client ID API за да ги поврзе активностите на корисникот на страници со AMP (со брзо вчитување) со оние на страници кои немаат AMP. Кодовите на Google за следење на оваа веб-страница ја користат функцијата „_anonymizeIp()“. Тоа значи дека IP адресата ќе биде обработена само во скратена форма во рамки на земјите-членки на ЕУ и други земји кои се потписнички на Договорот за основање на Европската економска заедница за да се спречи директно поврзување со поединци. Само во исклучителни случаи, целосната IP адреса се пренесува до сервер на Google во САД каде се скратува. Во име на сопственикот на оваа веб-страница, Google ќе ги користи овие информации за евалуација на користењето на веб-страницата, за составување извештаи за активности на веб-страницата и за обезбедување други услуги поврзани со веб-страницата и користењето на Интернет за потребите на сопственикот на веб-страницата. IP адресата пренесена од Вашиот прелистувач во рамки на Google Analytics не се спојува со други податоци на Google. Може да го спречите Вашиот прелистувач да ги складира овие колачиња со поставување на соодветните параметри во софтверот на прелистувачот; сепак, сакаме да укажеме дека ако го сторите тоа, може нема да бидете во можност да ги користите сите функционалности на оваа веб-страница. Исто така, може да не дозволите снимање на податоците за Вашето користење на оваа веб-страница (вклучително Вашата IP адреса) генерирани од колачињата, како и обработка на тие податоци од Google, на тој начин што ќе ја преземете и инсталирате дополнителната компонента за прелистувачот која може да се најде на следнава врска: http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=de

9.4 adjust

Оваа веб-страница/апликација, исто така, ја користи аналитичката технологија „adjust“ на компанијата adjust GmbH („adjust“). Во овој случај, adjust ги користи IP и Mac адресите на корисниците за целите на анализа; меѓутоа, таквите податоци се користат исклучиво само во анонимна форма. Затоа невозможно е овие податоци да се поврзат со физичкото лице. Со користењето на оваа веб-страница/апликација за аналитички цели, давате согласност за обработка на собраните анонимни податоци на горенаведениот начин и за горенаведените цели. Во секое време може да ја повлечете согласноста за собирање и складирање податоци од страна на adjust, и повлекувањето би важело од тој момент па во иднина. За да го направите тоа, кликнете на следниот линк: https://www.adjust.com/opt-out/.

9.5 Webtrekk

Ги користиме технологиите на Webtrekk GmbH, Robert-Koch-Platz 4, 10115 Берлин, Германија за статистичка анализа на нашите веб-страници. Ги користиме услугите на Webtrekk за собирање статистички податоци за користењето на нашата веб-страница. Webtrekk GmbH поседува сертификат за веб-контрола издаден од TÜV (германската Асоцијација за техничка инспекција). Поточно, се врши проверка и сертификација на собирањето и на обработката на податоците од следењето од аспект на нивната сообразност со прописите за заштита на приватноста и безбедност на податоците. Кога ги користите овие веб-страници, информациите што ги пренесува Вашиот прелистувач се собираат и анализираат. Тоа се прави со помош на технологија со колачиња и таканаречени пиксели, коишто се вградени во секоја веб-страница. Невозможно е овие податоци директно да се поврзат со поедини лица. Податоците собрани на овој начин се користат за креирање анонимни профили на користење, коишто претставуваат основа за веб-статистика. Податоците собрани со технологиите на Webtrekk не се користат за лична идентификација на посетителите на овие веб-страници без посебна согласност на тие лица, и во никој случај не се спојуваат со личните податоци за носителот на псевдонимот.
Во секое време може да ја повлечете согласноста за собирање и складирање податоци од страна на Webtrekk, и повлекувањето би важело од тој момент па во иднина. За да го сторите тоа, како и за дополнителни информации за политиката на приватност на Webtrekk, одете на следнава врска: http://www.webtrekk.com/index/datenschutzerklaerung/opt-out.html.

9.6 AdClear за следење кампањи

Ги користиме услугите на AdClear GmbH, Robert-Koch-Platz 4, 10115 Берлин („AdClear“) за собирање статистички податоци за следење кампањи, а со тоа да се направи оптимизација на нашите понуди за корисниците. Користиме колачиња и за оваа цел. Податоците се собираат само во форма на псевдоними. До AdClear не се испраќаат никакви лични податоци. AdClear GmbH поседува сертификат издаден од TÜV Saarland за заштита на податоци во областа на системите за следење кампањи.
Доколку се противите Вашите податоци да бидат собирани од AdClear за следење кампањи, во Вашиот компјутер ќе биде поставено колаче под името „adclearoptout“.
Не се противите Вашите податоци да бидат собирани од страна на AdClear.
Противење Вашите податоци да бидат собирани од страна на AdClear.

9.7 Adtriba

Податоците на оваа веб-страница ги добиваме и складираме со помош на технологијата на AdTriba GmbH – Beim Schlump 13a, 20144 Hamburg (https://www.adtriba.com/), којашто помага во создавањето кориснички профили преку псевдоними. Таквите кориснички профили се користат за анализа на однесувањето на посетителите и за подобрување и проспособување на нашите понуди. Може да користиме и колачиња. Колачињата претставуваат мали текстуални датотеки коишто се зачувуваат локално, односно на уредот на посетителот на веб-страницата, и се користат за да препознаеме дали повторно ја посетувате нашата веб-страница. Корисничките профили со псевдоними нема да бидат поврзани со личните податоци на носителите на псевдонимите без да се даде посебна експлицитна согласност за тоа.

9.8 Tapad

Извештаи за апликации и уреди

Оваа веб - страница собира и користи информации поврзани со апликации и уреди со цел подготвување извештаи за нејзиното користење. Страницата не собира податоци со коишто може лично да бидете идентификувани, односно не собира податоци за апликациите и уредите. Веб - страницата користи одредена технологија со којашто ги следи корисниците низ апликациите и уредите, вклучувајќи следење преку колачиња и синхронизација на ID (идентификациски број).

9.7 AB Tasty

Покрај останатите, оваа веб-страница ја користи и услугата за веб-аналитика AB Tasty на компанијата AB TASTY SAS, којашто се користи за A/B и за мултиваријациско тестирање. Оваа услуга користи колачиња за да го идентификува прелистувачот на посетителот и да го анализира користењето на оваа веб-страница. Колачињата не собираат лични податоци. Повеќе информации за тоа како AB Tasty ги обработува Вашите податоци може да се најдат на https://www.abtasty.com/uk/terms-of-use/. На оваа веб-страница, исто така, може да најдете упатства за тоа како да го деактивирате следењето во кое било време.

9.8 Hotjar

За да го подобриме корисничкото искуство на нашите веб-страници, го користиме софтверот на Hotjar http://www.hotjar.com, 3 Lyons Range, 20 Bisazza Street, Sliema SLM 1640, Малта, Европа). Софтверот ни овозможува да го мериме и анализираме однесувањето на корисниците (движења на глувчето, кликнувања, притискања тастери, должина на лизгање, итн.) на нашите веб-страници. За таа цел, се внесуваат колачиња во уредот од каде што е најавен корисникот, и на тој начин, може да се складираат кориснички податоци, како што се информации за прелистувачот, оперативниот систем, времето на престој, итн. Повеќе информации за обработката на податоци од страна на Hotjar може да се најдат на http://www.hotjar.com/privacy. Услугата на Hotjar може да ја откажете на https://www.hotjar.com/opt-out.

9.9 BSmartData

Оваа веб-страница ги користи услугите на BSmartData GmbH за да го оптимизира и испорача рекламирањето врз основа на податоците за вашето користење и интереси за прелистување. Оваа услуга користи колачиња за собирање статистички податоци за посетените страници и производи без поврзување со лице кое може да се идентификува. Дополнителни информации за собирањето податоци ќе најдете на https://ad.bsmartdata.com/privacy.php. Исто така, оваа страница дава насоки за тоа како да се прекине следењето во кој било момент.

9.10 InviteBox

Оваа веб-страница, исто така, ја користи алатката InviteBox за да ги награди клиентите кога ги упатуваат нивните пријатели и следи дали тие пријатели купуваат по упатувањето. Наградите ќе Ви бидат испратени преку електронска пошта од InviteBox. Не се користат информации за контакт доколку не бидат изрично дадени од секој поединец.
Ако Вие како посетител ја внесете Вашата адреса на електронска пошта преку динамичната алатка, ние ќе го пренесеме тоа до операторот на динамичната алатка кој може да ја користи адресата за натпревар(и) и програм(и) кои се промовираат со динамичната алатка. Динамичната алатка евидентира податоци за нејзината дистрибуција и употреба и ги пренесува до InviteBox за статистички цели, но не ги употребува личните податоци со кои можат да се идентификуваат корисниците. InviteBox добива само информации за контакт за да испрати порака до одредени лица и ја испраќа само таа порака на тие лица. Повеќе информации за обработувањето на податоците од InviteBox можете да добиете на страницата https://invitebox.com/privacy/. Исто така, таму можете да дадете приговор за употребата на вашите податоци, во секое време и да побарате да бидете ставени на црна листа во InviteBox во иднина.


10. Дополнителни компоненти за социјалните мрежи

Нашата веб-страница користи таканаречени дополнителни компоненти за социјалните мрежи Facebook Inc., 1601 S. California Ave, Palo Alto, CA 94304, САД, Twitter, Inc., 795 Folsom St., Suite 600 San Francisco, CA 94107, САД, Google Inc., 1600 Amphitheatre ParkwayMountain View, California, 94043, САД, Pinterest, Inc., 635 High Street, Palo Alto, CA, САД и Instagram Inc., 1601 Willow Road, Menlo Park,CA 94025 САД.

Дополнителните компоненти се наоѓаат на нашата страница со производи и се стандардно исклучени. Ако кликнете на соодветното копче, ќе биде побарано од Вас да се најавите со помош на социјална мрежа преку еден нов прозорец. Во овој случај, се става колаче на Вашиот компјутер. Доколку не кликнете на копчето или не се најавите со помош на социјална мрежа, нема да се стави колаче на Вашиот компјутер.

Ако имате профил во соодветната социјална мрежа и ако сте најавени во таа мрежа и кликнете на копчето, информациите за ова ќе се пренесат до Вашиот профил во оваа мрежа. Ако имате интеракција со дополнителните компоненти, на пример, доколку сте го притиснале копчето „Ми се допаѓа“ од Facebook или сте оставиле коментар, таа информација, исто така, се пренесува директно до серверот на социјалната мрежа и таму се складира. За целта и опфатот на обработката на податоци и идното обработување и користење на податоците од провајдерите, како и Вашите права и опции за заштита на Вашата приватност, погледнете во политиките за приватност на следните провајдери: