
Ако имаш тешкотии во пристапувањето до оваа веб-страница, јави ни се на +39 02 947 59 208 или послужи се со FlixBus апликацијата на Google Assistant.
Кога патуваш со FlixBus, гарантирана ти е најдобра услуга. Во сите наши автобуси имаш бесплатна Wi-Fi конекција, голем простор за нозете, евтини грицки и пијалаци, голем број приклучоци за струја и многу простор за багажот.
Никогаш нема да ти биде досадно благодарение на бесплатната Wi-Fi конекција во сите наши автобуси- додека патуваш можеш да сурфаш на Интернет, да се допишуваш со друштвото и да ја проверуваш твојата е-пошта – и сето тоа со 4G брзина!
FlixBus ти гарантира и место за седење со поголем простор за нозете. Нашите модерни автобуси се опремени со удобни седишта и доста простор. Сите седишта имаат приспособливи потпирачи и се удобни дури и на долги релации.
Кога патуваш со FlixBus, секогаш си добро згрижен/а: во некои автобуси може да се купат грицки и пијалаци по поволни цени. Можеш да ги купиш од нашите љубезни возачи.
Сакаш да сурфаш на интернет, да се допишуваш или пак да работиш на својот лаптоп, но немаш батерија? Нема проблем! Побарај го симболот за приклучок за струја или прашај ги нашите љубезни возачи да ти помогнат да го најдеш.
Има уште неколку минути додека да стигнеш на твојата станица? Нема потреба да се нервираш! Сите автобуси на FlixBus се опремени со тоалет.
Нашите автобуси ти нудат доволно простор за твојот багаж. Стави го рачниот багаж во просторот над седиштето кој е за таа намена, а нашите љубезни возачи ќе ти помогнат да го сместиш останатиот багаж во багажникот. Детални информации можеш да најдеш во нашата политика за багаж.
Нашата страница со ЧПП нуди одговори на голем број од твоите прашања. Доколку и понатаму имаш прашања едноставно пополни го нашиот формулар за контакт.