
Ако имаш тешкотии во пристапувањето до оваа веб-страница, јави ни се на +39 02 947 59 208 или послужи се со FlixBus апликацијата на Google Assistant.
Сакаш да седиш до пријателите или семејството? Или да патуваш најудобно што може? Тогаш при резервирањето на билетот, резервирај си и седиште по свој избор. Има различни категории седишта по мерка на твоите потреби.
1. Доколку опцијата за резервирање седиште е достапна, тогаш при резервирањето на билетот ќе може да си резервираш и седиште.
2. За таа цел, кликни во полето „Резервација на седиште“.
3. Провери го распоредот на седишта и избери си седиште по свој избор. Седиштата означени со Х не може да се резервираат.
4. Надоместокот за резервирање седиште зависи од видот на избраното седиште и од далечината на дестинацијата. Сите цени за резервирање седиште може да ги најдеш овде.
5. Продолжи со резервирањето и најди го избраниот број на седиште на потврдата за резервација.
6. Во автобусoт, бројот на седиштето ќе биде во темно сива боја поставен на висинско ниво со очите, кај просторот за рачен багаж над главата.
Сликите служат само за илустрација. Фактичките надоместоци може да се разликуваат и зависат од избраното патување.
Во зависност од патувањето, може да се резервира или кое било седиште во автобусот, или пак само одредени редови. Во некои од нашите автобуси, резервирањето седиште не е возможно.
Ако имаш резервирано конкретно седиште, бројот на седиштето може да го најдеш на билетот. Во автобусите во кои се овозможува резервирање на седиште, броевите на седиштата ќе бидат поставени на висинско ниво со очите, кај просторот за рачен багаж над главата.
Ако немаш резервирано седиште, но ти е доделено седиште на билетот, седни на тоа седиште.
Ако немаш резервирано седиште, а не ти е доделено седиште ниту на билетот, тогаш може слободно да го избереш кое било од нерезервираните седишта означени со зелена лепенка. Во тој случај, ти препорачуваме да стигнеш што е можно порано за да си го зафатиш посакуваното седиште. Се разбира, патниците со ограничена мобилност ќе имаат предност при изборот на седиште.
Седиште може да си резервираш само при резервирањето на билетот. Моментално не се нуди опција за додавање на седиште на резервацијата откако билетот веќе бил резервиран. Ако сакаш да го откажеш или промениш седиштето, кликни овде.
Резервираните седишта не се распоредени по име на различните лица од резервацијата. Секој член на групата може слободно да избере на кое од тие седишта ќе седи.