
Ако имаш тешкотии во пристапувањето до оваа веб-страница, јави ни се на +39 02 947 59 208 или послужи се со FlixBus апликацијата на Google Assistant.
Во FlixBus вложуваме огромни напори и се грижиме нашите патниците да бидат задоволни. Успешноста на нашите напори неодамна се потврди преку анкетата во која учествуваа 20.000 наши патници. Покрај големиот број позитивни коментари, успеавме и да дознаеме нешто повеќе за потребите на патниците. Постојано се трудиме да го подобриме квалитетот на корисничкото искуство, почнувајќи од постапката за резервација, па сѐ до одговорите на прашањата што може да ги имаш откако ќе ја направиш твојата резервација.
Само во 2015 година, 20 милиони луѓе го избраа FlixBus за своите патувања низ Европа и можеа да го искусат извонредниот квалитет на услугите што ги нудиме. Ги цениме сите коментари и позитивни оценки од нашите патници и ќе ни биде задоволство доколку наскоро се качиш во некој од нашите зелени автобуси.
Највисок приоритет за FlixBus е да има задоволни корисници. Се стремиме да нудиме најдобра услуга, по најдобри цени, во рамки на нашата ненадмината мрежа на европски дестинации. Задоволството на нашите корисници беше одразено во анкетата за евалуација на квалитетот на услугите што ги обезбедува FlixBus. Според резултатите, 97% од патниците изјавиле дека се „задоволни“ или „многу задоволни“ од патувањето со автобусот!
Патниците, исто така, ја пофалиле точноста на автобусите, личната услуга што ја давале возачите и високото ниво на удобност при патување со автобусот. FlixBus нуди бесплатна Wi-Fi конекција во сите автобуси и гарантирано место за седење во текот на целото патување на повеќе од 200.000 линии низ Европа. Нашите патници беа толку воодушевени од овој удобен и погоден начин на патување што 94% од нив би го препорачале FlixBus на своите пријатели и семејства.