Евтини автобуски билети

Person using FlixBus app

Подготви се!

Автобусот пристигнува за 3 минути.

Скенирај за да ја преземеш апликацијата
Преземи ја апликацијата и патувај спокојно

Добивај најнови информации со насочени известувања и следи го своето патување во реално време. Сите детали за твоето патување на едно место.


Ве поврзува со светот

Бескрајни можности. Откријте повеќе од 6.800 дестинации во повеќе од 40 земји.

Удобност во движење

Опуштете се со бесплатна Wi-Fi мрежа, приклучоци за струја и дополнителен простор за нозе. Тоа значи модерен автобус.

Избери, резервирај, патувај

Од екранот до седиштето за неколку секунди. Вие резервирајте, ние ќе се погрижиме за останатото.

Паметно патување низ планетата

Баталете го автомобилот, патувајте со нас. Зголемете ја километражата и намалете го јаглеродниот отпечаток.
Каде следно?
Откриј ги нашите мапи за патување со преку 6800 дестинации низ светот.
Истражи ја мапата
Vehicle passing through a city

Качи се во некој од нашите зелени автобуси и пропатувај ја Европа. Избери ја твојата дестинација од нашата широко распространета мрежа од над 400.000 дневни линии до повеќе од 3.000 дестинации во 40+ земји! Со нас Европа е на чекор до тебе!

Планираш да патуваш низ Европа само со ранецот на грб? Сакаш во последен момент да отпатуваш во некој град? Или пак на одмор со семејството или со друштвото? Нема проблем! Ние ќе те однесеме од точка А до точка Б за неверојатна цена. Од нашите автобуски патувања може да избираш помеѓу Франција, Холандија, Швајцарија, Германија, Италија, Република Чешка, Унгарија или Хрватска! А да не ги спомнуваме Шведска, Данска, Луксембург, Словенија и Австрија – FlixBus ти овозможува да патуваш како сакаш и кога сакаш!

Стигни од точка A до точка Б без никаков стрес: благодарение на информациите за автобуските станици достапни во реално време, ажурираниот и важечки автобуски возен ред, услужливиот персонал и љубезните возачи на автобусите, не треба да се грижиш за ништо. Само испланирај го твоето патување, опушти се и качи се во автобусот.

Твојата FlixBus услуга

Наша цел е да ти понудиме удобен, евтин и едноставен автобуски превоз. Ако нешто не ти е јасно при планирањето на твоето патување, погледни во нашите ЧПП. Доколку и понатаму ти е потребна дополнителна помош, нашиот љубезен персонал од службата за грижа за корисници со задоволство ќе ти помогне да ги решиш сите проблеми или дилеми што ги имаш!

Купи евтини автобуски билети онлајн, преку нашата апликација, во некое од продажните места на FlixBus или директно од возачот на автобусот. Билетот ти е гаранција за удобно седиште кога ќе се качиш во автобусот. Од нашите љубезни возачи можеш да купиш грицки и нешто за пиење, а имаш и бесплатна Wi-Fi конекција и приклучок за струја – и тоа во секој еден од нашите автобуси! Па така, може да сурфаш на интернет, да гледаш филмови и да останеш поврзан/а во текот на целото твое патување.

Заштеди со FlixBus! Заштеди пари со нашите неверојатно евтини автобуски билети. Заштеди време благодарение на нашиот детален автобуски возен ред и автобусите кои секогаш се на време. Зачувај ја животната средина, затоа што автобусот е еколошки најприфатливото превозно средство. Па така, без разлика дали патуваш со FlixBus за Берлин, Прага, Милано, Париз или Франкфурт, секогаш ќе патуваш еколошки!

Добивај ексклузивни понуди, новости за возбудливи наградни игри, како и најнови известувања на тој начин што ќе се регистрираш за да го добиваш нашиот билтен и ќе кликнеш „Ми се допаѓа“ на нашата Facebook страница. Прв/а ќе ги дознаваш сите новости поврзани со FlixBus