Партнерство за маркетинг
Создајте додадена вредност за вашите клиенти со FlixBus!
FlixBus се залага за одржлива и пристапна мобилност, со преку 100 милиони патници уште од 2013 година. Постојано сме во потрага по амбициозни партнери коишто се отворени за соработка заснована на размена на вредности и мерливост.
Како изгледа маркетинг партнерството со FlixBus?
Можеме да им понудиме додатна вредност на Вашите клиенти преку понуда на уникатни кодови на ваучер кои може да се користат за попуст за патувања со FlixBus или FlixTrain. Партнерството може да се остварува на повеќе различни начини:
- на Вашето продажно место во форма на промоција испечатена на пакувањето, што може да има видлив и мерлив ефект врз Вашата продажба
- преку Вашата програма за лојалност, што може да биде одлична додатна придобивка за Вашите клиенти и поттик тие да останат лојални на брендот
- придружувајќи ни се нам во поттикнувањето трансформативна промена кон иднина на одржлива мобилност
Дали сте заинтересирани или имате други идеи? Обратете ни се, со задоволство ќе поразговараме.
Контакт
Тим за маркетинг партнерство
Е-пошта: comarketing@flixbus.com
Предмет: на почетокот од текстот на предметот внесете го името на земјата/пазарот за кој сте заинтересирани
❕Оваа е-пошта е наменета исклучиво за прашања за партнери за заеднички маркетинг. Ви благодариме!