Продажни места

Туристички агенции и бироа - нашите локални дистрибутери

Во соработка со нашите локални дистрибутери, на нашите корисници им нудиме максимална флексибилност преку персонализирано резервирање билети на места што се во нивна близина. Бројни туристички агенции и продажни места низ цела Европа ја прифаќаат нашата понуда и стануваат стационарни дистрибутивни канали за билети за нашите патници. Дали би сакале да соработувате со водечката германска компанија за автобуски превоз на долги релации? Тогаш може да станете локален дистрибутер на FlixBus. За повеќе информации, слободно обратете се кај нашата агенциска служба.
Сите наши препродавачи на билети може да ги најдете со помош на нашиот пребарувач на туристички агенции, преку кој нашите корисници може да се информираат за сите наши продажни места.

Соработка со FlixBus во препродажбата на билети - транспарентна и фер провизија

Соработката со нас е лесна и едноставна: преку нашите посебни сектори за соработка со агенциите, на продажните места им овозможуваме директен пристап до FlixBus. Продажните места на FlixBus ја преземаат улогата на нашата онлајн продавница којашто би ја користеле корисниците. Ја избираат бараната автобуска линија и му го испраќаат билетот на корисникот во печатена форма или електронски по е-пошта. Со тоа е завршена трансакцијата меѓу корисникот и продажното место; евидентираната уплата и провизиите потоа се внесуваат директно во интегрираниот позадински систем.

Моделот на атрактивни провизии е идеална основа за соработка помеѓу нас и нашите продажни места. FlixBus се залага за транспарентност и правичност во одредувањето на цените на билетите и на висината на провизиите. Исто така, на нашите продажни места им нудиме можност да ги комбинираат нашите евтини автобуски билети во пакет аранжмани.

Лице за контакт

Албан Меуст

Албан Меуст

Раководител на одделот за меѓународна продажба

Тел.: ++33 (0)7 62 93 33 67

Е-пошта: agencija@flixbus.mk